Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, преку својот Фејсбук профил го соопшти ставот на партијата пред изборите кои ќе се одржат на 5-ти јуни.-Демократската партија на Србите во Македонија не наседна на играта на непомирливи политички и историски полови која попрво ќе нѐ одведеше во судир кој би можел да доведе до наш историски крај, и не само наш, но исто така и не допушти да биде ситен кусур во трговијата на големите. И слободно можеме да кажаме дека тука е скриена сета вистина на нашите активности и залагања во изминатите две години, во време кога Македонија беше соочена со најголемата криза од своето постоење.
За посебно одбележување е фактот дека по прв пат во модерната историја на српскиот народ во Македонија, ние Србите не бевме, а ниту пак дозволивме да бидеме дел од кризата по ниту еден основ. Нашата определба секогаш беше да видеме дел од решението на проблемот, а не проблем. Што се однесува до изборите, тука барем за нас работите се сосема јасни. Кога човек е болен, најдобро за него е да биде подложен на лекарска терапија за да може побрзо да оздрави. Така е и во политиката, кога демократијата е болна, најдобриот и најсигурниот лек се изборите, колку и чести тие да бидат. Тоа е единствениот исправен пат за секоја држава и народ, па и за нас. Затоа, се гледаме во изборната трка и нека на 5. јуни победи најдобриот, напиша тој.-Демократската партија на Србите во Македонија не наседна на играта на непомирливи политички и историски полови која попрво ќе нѐ одведеше во судир