Размислувајќи како да го започнам ова мое излагање, после вчерашниот ден и се што се случи, а за што сакам во детали да ве информирам, ми доаѓаат само два збора кои верувам на секого од вас му дошле на ум изминативе две години на криза, конфликтност, раздор, деструкции, во кои се обидуваме нешто да создадеме, да направиме мерки и реформи. А некој друг се обидува заради којзнае колкава цел да не разјаде, неретко споменувајќи ги зборовите слобода и демократија, а правејќи се што нема врска со слобода и демократија. Тие зборови се: „Доста беше“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.-Доста беше. Оваа криза мора да заврши и зад оваа криза не стојат никакви заложби за слобода на медиуми ниту демократија и борба против корупцијата, стои немоќ, страв, фрустрации, обид за поткуп на идентитет и насилна промена на власта во Република Македонија од страна на опозицијата која изгубена во својата безидејност и не се занимава со политика, идеи, решенија, туку шпионажа, уцени, деструкција. Тоа мора да запре. Знам дека многумина ги гледаа изборите како излез од кризата и во право се. Тврдам дека во ваква ситуација изборите се излез од кризата и тука немам никакви дилеми. Ова е слободна земја и овде народот одлучувал и ќе одлучи кој може да се справи со реалните предизвици и секојдневни потреби и проблеми, кој нуди решенија можности, подобар стандард, инвестиции. Тоа е суштината на политиката и зошто некој треба и не треба да добие доверба. Некој ве потцени, тоа е цената на лошата проценка. Ова е Република Македонија и тука не проаѓаат шаблон сценарија, тука живее горд народ кој си ја сака државата и знае да направи разлика, рече Груевски.
Тој нагласи дека времето на конфликти мора да заврши, не се работи за Никола Груевски или Зоран Заев, туку за секој граѓанин за цела Македонија и затоа одлучиле да стават крај на агонијата и кризата на ваков начин.
-Доста беше, одиме на избори и нека победи подобриот, нека победи тој во кого граѓаните имаат поголема доверба. Мора да научиме од своите грешки, но не во насока како што некој тоа го посакува. Да ги исправиме грешките затоа што не сме безгрешни и да продолжиме со тоа што граѓаните го очекуваат од нас. Според сите анкети и аналитичари, домашни и меѓународни, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ и тоа го знае и лидерот на опозицијата. Во двојна предност е ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е причината зошто СДСМ не сака да оди на избори, тоа и ништо повеќе. Дали заради тоа цела држава треба да се држи во заложништво. Го слушав лидерот на опозицијата. Сакаше да не убеди дека се спремни за избори. Доста е од поделеноста, доста е гневот и фрустрацијата, доста е со кризите, наша одговорност е да решаваме кризи, проблеми, не да бидеме дел од нив. Избори мора да има и ќе има и ние ќе ја понудиме најдобрата програма, детали, мерки, реформи и гаранции за нови работни места, рече Груевски.-Доста беше. Оваа криза мора да заврши и зад оваа криза не стојат никакви заложби за слобода на медиуми ниту демократија и борба против корупцијата