Го следев внимателно Заев на пресот. Остави многу простор во изјавите, и не беше воопшто дециден дека одлуката е неотповиклива. Всушност нему му е речено од чадорот дека може да се поинаети јавно уште малку, за да биде користено тоа како притисок за дополнителни барања за остапки кон ВМРО во следните 30 дена, во смисла демек дајте да им ветите тоа и тоа и ние ќе ги убедиме да ја сменат одлуката и ќе дојдат на избори, а тоа е добро за Македонија, а вие треба да чуствувате одговорност за Македонија особено затоа што ќе победите.
Ќе оди на избори Заев, и оро ќе игра, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија ан својот ФБ профил.
-Во наредните денови ќе се гради слика од типот дека меѓународната заедница демек го молат и убедуваат а тој како несака, па ќе му нудат нешто а тој ќе поставува нови барања до нив, а тие истите до ВМРО, со намера нешто да добие, и потоа тоа триумфалистички да се обиде да го прикаже како голем успех, и демек успеал, и оди на избори со одлука во последен момент, и сигурен и насмеан е дека ќе победи… предвидливи циркузи. Патем речено ќе прави секој ден протести, кои всушност ќе му бидат неговата кампања. Ќе пушта и фабрикувани телефонски разговори преку интернет, демек не е од него, кој знае од кој е, како да народот се деца и тој ќе ги лаже а тие ќе му веруваат. Ете со тоа ќе се занимава нашиот црпко. За друго ниту го бива ниту ќе го биде, напиша Стевананџија.
Тој додава дека всушност со пресот само се обидува да си гради (или поточно да му градат) подобра преговарачка позиција за наредните 25-30 дена до денот на поднесување на изборните листи.
-Но, заборава дека со вакво глупирање губи дополнително кај гласачите, и разликата помеѓу ВМРО и сдсм е најмалку за 2 до 3 процентни поени зголемена во корист на ВМРО само после вчерашното однесување од оставките на министрите па до пресот вечерта. Заборава и дека и на голем дел од странците од меѓународната заедница веќе им е преку глава од него и неговите блефови и лаги. Повеќето кои немаат скриени намери, веќе го имаат прочитано, ама им е незгодно брзо да сменат позиции. На раб се да го пуштат низ вода, ако веќе некои од нив и не го пуштија… Да, и ним им е преку глава од неговите блефови и лаги. Брани, брани… не се брани веќе. Од друга страна Заев знае ако не оди на избори, има кој да оди, и од другите опозициони помали партии но и вакви или онакви листи од неговата партија. Со новите фабрикувани разговори само ќе се дозакопа, ќе доживее фијаско и уште поголем гнев кај народот. Тие нема да имаат ни 5% влијание и слушаност како оние лани, кои и онака имаа мало влијание, што се гледа и од сегашното расположение на јавното мислење. Заев го знае тоа расположение, знае дека ќе изгуби, и тој со задоволство би избегал од избори, но бидеќи си го има дадено задникот под кирија, ќе слуша што ќе му кажат од кај чадорот. Нема избор. Тој е сега силно исплашен за после 5-ти јуни, да не оди во затвор бидеќи има законски прибавени докази против него и неговиот криминал. Единствени на кои се надева да го спасат се странците, на чело со чадорот. Оној чадор со кој Верушевски ги тешеше двата агенти, дека ако загусти има кој да ги штити – чадорот. И навистина му помогнаа, еве го на слобода е, напиша Стевананџија.
Пратеникот додава дека на чадорот не му одговара ниту ВМРО-ДПМНЕ со 80 пратеници, ниту наместо сдсм со црепко на чело, да дојде некоја нова партија и лидер со интегритет и да го завземат местото на сдсм и црепко.
-Им треба ваков тип и такво раководство за да имаат контрола. Полн со кривични зад кои има сериозни валидни докази, исплашен дека може „да го јаде“ ако не го слуша чадорот, и спремен на секакви чекори, за да ги реализира целите на чадорот независно што е свесен дека никогаш нема да биде премиер. Шефот на македонската опозиција е еден обичен заложник во рацете на надворешна сила која му обезбедува заштита се додека тој е во функција на нивните цели. И што е најстрашно, тој не може да излези од оваа кожа во друга. Тој сирот, бореќи се за гола кожа, сега е спремен се да прави за да не го налути чадорот од кого единствено се надева на заштита. Така што Заев ќе оди на избори, и оро ќе игра ако чадорот така реши, а логично е да реши така, напиша Стевананџија.
Ќе оди на избори Заев, и оро ќе игра, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија ан својот ФБ профил.
-Во нареднит