Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павле Трајанов дефинитивно ќе оди на избори

Првиот човек на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека неговата партија дефинитивно ќе излезе на избори.– На избори ќе излезам. За исходот од изборите сум неутрален, и засега не би можел ништо да претпоставам околу реакциите на народот – вели Трајанов за Плусинфо.
Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во својата најнова колумна прашува кој гарантира дека СДСМ нема да оди на избори?
-Полека, и не брзајте со заклучоците. Можеби повторно ќе се јави некој Стевчо, и ќе оди на избори! Во исто време, Заев треба да им објасни на партиските колеги како тоа вршеше притисок и го кршеше партискиот став 2013-та година да не се оди на Локални избори наспроти ставот на СДСМ за бојкот на локалните избори. Кога се работеше за негови локални избори, тогаш партиската одлука за бојкот не му беше по воља, и кога јас одлучив да одам на избори ми праќаше пораки во кои што меѓу другото ми велеше дека се гордее што има храбар партиски другар како мене. Тогаш Јани Макрадули, Андреј Петров, Бранко Црвенковски, Шеќеринска, беа против нас и против одењето на локални избори, ама тој, јас и Зоран Дамјановски – Циц бевме за. Јас таа битка ја водев почесно од нив, пишува Јакимовски.
Градоначаликот на Карпош додава дека тие се обиделе да прават алтернативни листи и да протуркаат алтернативни градоначалници, за разлика од него.
– Трпев до последните четири часа и ги почитував партиските ставови. Најголем притисок врз Циц во Куманово да оди на избори, односно, да дадат алтернативен градоначалник и листа за советници беше Оливер Спасовски, денешниот технички министер за внатрешни работи. За тоа имам и сведоци. Сакате јавни, или заштитени? Како милувате. Ако евентуално им требаат за нивниот партиски суд. Таа структура на СДСМ – Бранковистите тоа не му го забораваат на Заев. Сега ќе му вратат, вели Јакимовски.– На избори ќе излезам. За исходот од изборите сум неутрален, и засега не би можел ништо да претпоставам околу реакциите на народот – в

Пронајдете не на следниве мрежи: