Најголемата опозициска партија СДСМ со крајни напори се обидува да избега од вонредните парламентарни избори кои треба да се одржат на 5-ти јуни.Како што наближува крајниот рок за распуштање на Собранието на Република Македонија, така се зголемуваат обидите на СДСМ по било која основа да издејствува одложување на изборите.
Во таа насока и лидерот на партијата Зоран Заев на вчерашната средба со коалициските партнери се обидуваше да ја манипулира јавноста префрлајќи ја одговорноста на инситуциите кои се под контрола на СДСМ.
Од извори во партијата се дознава дека Заев бил во голема паника, притиснат од роковите во пресрет на изборите и издал наредба да се направат максимални обиди да се блокираат процесите.
Во таа деструктивна насока е и непостапувањето на државниот секретар на ДИК, кој имаше обврска да провери само 5.100 гласачи. Според информациите што беа објавени деновиве, оваа операција што може да се заврши за ден или два, генералниот секретар на ДИК ја немаше почнато до викендов.
Како што дознава КУРИР, нешто слично се случува во моментов и во МВР. Секторите за внатрешни работи (СВР) од Битола, Струмица и Куманово го опструираат и кочат внесувањето на податоците од проверките во Министерството за внатрешни работи (МВР). Проверките се завршени, но луѓето поставени од Спасовски кочат и блокираат, односно не дозволуваат податоците да се внесат во табелите.
Според информациите до кои дојдовме, одговорни за ваквата опструкција се Танчо Пројковски и Славко Јовановски во Струмица и Стојанче Величковиќ во Куманово. Токму Танчо Пројковски неодамна со скок од шест места во хиерархијата на МВР во Струмица од инспектор по дрога беше поставен како помошник на началникот со одлука на техничкиот министер Оливер Спасовски. Инаку, Пројковски е татко на Даниел Пројковски, еден од првите луѓе во обезбедувањето на опозицискиот лидер Зоран Заев и истакнат активист на СДСМ, објавија медиумите.
Дополнително, СДСМ денеска ги активираше сите механизми за повторно одложување на изборите. Соросовата „Цивил“ пред малку пред Собранието одржа протест на кој незначителен број на граѓани побараа оставка од Владата.
-Бараме Владата да поденсе оставка, а изборите да се одложат во септември. Чекавме толку време, ќе почекаме уште малку. ДИК да се професионализира и институциите да спроведат слободни избори – изјави Џабир Дерала од „Цивил“.
Како излезна алтернатива за спасување од најголемиот пораз и изборен дебакл, Заев почнал да бара спас во албанското гласачко тело. Неофицијално се дознава дека нудел соработка на радикалните албански структури околу „Беса“. Проценката на Заев била дека на тој начин би успеал да обезбеди некаква дополнителна поддршка во замена на катастрофалниот рејтинг кој го има меѓу гласачите Македонци.
Инаку, Собранието на Република Македонија вечер на полноќ треба да се распушти врз основа на изменетата одлука што ја изгласаа пратениците на 23 февруари годинава. Парламентот, како што е предвидено, се очекува да се распушти со цел одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.
Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена изјави дека денеска законодавниот дом ќе работи нормално, оти на 7 април Собранието ќе биде распуштено и, согласно неговите надлежности, тој ќе распише избори за 5 јуни.
– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени. Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.Како што наближува крајниот рок за распуштање на Собранието на Република Македонија, така се зголемуваат обидите на СДСМ по било која основа да изд