Видео: Верушевски и Заев оствариле тајна средба!

Читател до редакцијата на Нетпрес испрати фотографии и видео снимка, на кои, според неговите информации се гледа како автомобилот марка „ауди“ со кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев се превезува многу често во доцните ноќни часови стои паркиран зад зградата во која живее екс директорот на УБК, Зоран Верушевски.Имено, вчера медиумите објавија информација дека изминативе неколку денови имало блиска средба и меѓу Заев и Бекир Асани, на која се разговарало за објавување на нови снимки поврзани со функционери на ДУИ.
Порталите пишуваа дека Асани на средбата дошол со уште двајца придружници во чие присуство му ги изнел на Зоран Заев аргументите зошто повеќе не смее да излезат снимки од функционери на ДУИ во јавноста.
На Заев му било посочено дека ќе се соочи со сериозни последици доколку и понатаму продолжат да се објавуваат незаконски прислушуваните материјали со кои што располагаше тој, но и лица блиски до СДСМ.
По непријатната посета која што ја имал Зоран Заев, сопартијците коментирале дека изгледал отсутно и збунето на состаноците. Повикал да се засили обезбедувањето и почнал да ги бара сите кои биле во контакт со незаконски прислушуваните материјали.
Дали средбата и разговорот со Асани е причина за зачестените средби меѓу двајцата осомничени во случајот „Пуч“, Заев и Верушевски ќе покаже времето.
Она што останува нејасно е каде отидоа речиси половина милион фајлови со прислушкувани разговори, со оглед на контрадикторноста во изјавите на Заев и Специјалното јавно обвинителство.
Имено, Зоран Заев изјави дека во Специјалното јавно обвинителство предал над милион разговори, за потоа СЈО да излезе со информација дека поседуваат околу 600.000.
Овие „тајни“ средби се само уште еден доказ за очајот, хаосот и паниката кои владеат во СДСМ.
Во недостиг на програма, идеи и проекти, Заев и неговите најблиски соработници повторно подготвуваат кампања базирана на објавување „бомби“, што е уште еден показател за непоузданата желба на СДСМ и нивниот лидер да дојдат на власт по секоја цена по пат на уцени и насилни сценарија, а не преку фер и демократски избори.Имено, вчера медиумите објавија информација дека изминативе неколку денови имало блиска средба и меѓу Заев и Бекир Асани, на која се разговара

Пронајдете не на следниве мрежи: