Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправи. Меѓу нив е Захир Бекири- Чауш, член на СДСМ.Во соопштението на Обвинителството е наведено:
Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22 , три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје го поднесе обвинението по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, беа координирани и раководени од надлежни јавни обвинители. Во постапувањето беше прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и беа испитани голем број на сведоци.
Инаку, опозицискиот лидер ЗОран Заев во неколку наврати призна дека Захир Бекири викан Чауш е член на СДСМ.
-Чаушот е член на СДСМ, јасно и гласно потврди Заев во интервју за Канал 5 во јануари годинава. Ова беше второ признание на Заев за поврзаноста со првоосомничениот во „Фабриката за афери“. Неодамна тој во интервју за Телма рече дека Бекири е член на СДСМ и тој е сликан во неговата канцеларија.
-Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, рече Заев.
Заев практично потврди дека човекот кого обвинителството го сомничи дека стоел директно зад аферата со фалсификуваните лични карти всушност е дел од структурите на СДСМ и воедно не негираше дека Чауш е негов соработник.Во соопштението на Обвинителството е наведено:
Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Израб