Државниот архив на РМ ќе одбележи 65 години постоење

Државниот архив на Република Македонија вечер ќе одбележи 65 години од формирањето со свечена академија под покровителство на претседателот на државата Ѓорге Иванов.На академијата во Македонскиот народен театар, на која е најавено присуство на претставници од Владата, дипломатскиот кор, од меѓународните архиви, ќе биде претставен развојот и дејствувањето на една од најзначајните македонски државни и национални институции.
По повод годишнината ќе биде промовирана монографија „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, ќе биде поставена изложба и ќе бидат претставени најновите активности на Архивот.
Во рамки на настанот, денеска претпладне во „Порта Македонија“ ќе се одржи Основачко собрание на Професионалното архивско здружение на Југоисточна Европа.На академијата во Македонскиот народен театар, на која е најавено присуство на претставници од Владата, дипломатскиот кор, од меѓународните архиви,

Пронајдете не на следниве мрежи: