Теренските проверки секојдневно ја уриваат тезата на СДСМ за фантоми во избирачкиот список

Голем дел од теренските проверки на ДИК се завршени, а со тоа само се потврдуваат тезите дека СДСМ настапуваше со лажни сценарија и манипулации за наводни фантоми во избирачкиот список. 
Најголем дел од граѓаните кои беа на списокот со неконзистентни записи биле пронајдени на посочените адреси. Велат дека се револтирани од обидот на опозицијата која ги натерала, во сопствениот дом да мора да докажуваат дека не се фантоми.
-На таа адреса на која сум запишана живеам веќе 20 години, но не знам како сум се нашла во листата на фантомските гласачи и бев многу непријатно изненадена
-Револтирана сум зошто вчера на вратата ми звонеа членови на ДИК и сум претставена како фантомски гласач, а откако постои гласање секогаш редовно гласам и живеам на истата адреса. Со доказ на лична карта им кажав дека непотребно создаваат фама меѓу луѓето.
-Вчера ме посети комисија на ДИК и ми рекоа дека треба да ми проверат лична карта и дека сум фантомски гласач. Како можам да бидам фантомски гласач кога јас 46 години живеам на иста адреса
-Јас и мојата цела фамилија на списокот на истата адреса ги видов сите мои соседи, целата зграда, сите кои живеат на истата адреса се прогласени за фантоми.
-Јас не знам што има во списокот, не е точно дека ние не постоиме. Ние бевме посетени од таа комисија. Ние сме редовни гласачи тука и гласаме во старото школо „Славчо Стојменски“. Ние тука живееме со години, стари сме. Не е точно дека не постоиме како гласачи.
-Седум години го користам правото на гласање во гласачкото место во кино салата во Виница.  Еве, јас сум личност, не сум фантом.
-Бев посетена. Имало нешто спорно, некои соседи се воделе на нашата улица или ние на нивната. Ние од секогаш живееме на оваа улица „Јане Сандански“ број 10. Со сите документи и лична карта. Имало и други со број 10 и нешто било спорно. Тука гласам веќе 32 години.
По теренската проверка и комплетното пречистување на избирачкиот список, експертите велат дека СДСМ ќе остане без ниту еден аргумент за бегство од изборите, освен како што велат, стравот кој го имаат од нискиот рејтинг и соочувањето со граѓаните.
Во меѓувреме, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска официјално ја започна набљудувачката мисија за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 5 јуни.
Мисијата е предводена од амбасадорот Јан Петерсен и се состои од главен тим од 12 експерти од 10 земји членки на ОБСЕ со седиште во Скопје и 24 долгорочни набљудувачи кои следната недела треба да допатуваат во Македонија и кои ќе бидат распоредени низ целата земја во тимови по двајца.
Петерсен рече дека ова ќе бидат 16-ти избори што ќе бидат набљудувани од 1998 година наваму. Претходно, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги набљудуваше претседателските и предвремените парламентарни избори во 2014 година.
  
Најголем дел од граѓаните кои беа на списокот со неконзистентни записи биле пронајдени на посочените адреси. Велат дека се револтира

Пронајдете не на следниве мрежи: