МАКЕДОНИЈА СЕ МЕНУВА – Се вложуваат милијарди евра во крупни инфраструктурни проекти

Македонија се менува. Се вложуваат милијарди евра во крупни инфраструктурни проекти. Се градат нови автопатишта, локални, регионални и магистрални патни правци, се вложува во железницата, во авиотранспортот, се инвестира во проекти кои значат подобар живот и повисок стандард на граѓаните во земјава. Транспортната карта на државава е целосно промената, пишува Лидер.Над милијарда евра во патишта!
Во патна инфраструктура се вложуваат повеќе од милијарда евра. Градежната механизација е на терен, работи со полна пареа. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопатишта, во вредност од околу 800 милиони евра. Се работи на 13 регионални патишта со вкупна должина од 165 километри, инвестиција вредна 48 милиони евра. Во финална фаза за почеток на реализација се уште 11 регионални правци во должина од 200 километри, проекти вредни 373 милиони евра.
-Досега се изградени и рехабилитирани 85 километри автопатска мрежа – инвестиција од 70 милиони евра, реконструирани се 55 магистрални и регионални патишта со вкупна должина од над 510 километри – инвестиција од 93 милиони евра, инвестирани се 65 милиони евра во реконструкција на 404 локални патишта со вкупна должина од околу 750 километри. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски во изминатиот период беше фокусирана на реализација на капитални инфраструктурни проекти, кои имаат за цел да создадеме квалитетна транспортна мрежа и поквалитетен живот за граѓаните на Македонија, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Се градат три нови автопати!
Според проценките, околу 3 илјади работници се директно вклучени во градежната експанзија во земјава, најголем дел се ангажирани за изградба на новите автопатски делници.
Се работи на делницата Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри, со што Коридорот 10 целосно ќе се заокружи на ниво на автопат. Проектот е вреден 210 милиони евра.
Се гради нов автопат од Миладиновци до  Штип (автопат „Гоце Делчев“) во должина од 47 километри, инвестиција од 206 милиони евра. Изградбата треба да биде заокружена во 2017-та година.
Под полна пареа е и изградбата на автопатот од Кичево до Охрид (автопат „Мајка Тереза“) во должина од 57 километри. Се работи за проект од исклучително значење за Република Македонија, за развојот на туризмот, бидејќи овозоможува директна врска меѓу главниот град и најголемиот туристички центар на земјава. Инвестицијата е вредна 374 милиони евра, а според планот, овој автопат треба да биде готов до 2018-та година.
-Изградбата на овие автопатски делници претставува изградба на капитални проекти од национално значење, бидејќи само со овие автопатски делници се зголемува вкупната автопатска мрежа во државава за 50 проценти. Значењето на овие капитални инвестиции е повеќекратно, освен зголемување на автопатската мрежа, од особена важност е што ќе придонесат за економскиот и за регионалниот развој, се ангажира градежната оператива, се овозможува подобро работење на голем број компании кои ангажираат работници, вели владиниот портпарол, Александар Ѓеоргиев.
Дополнително, 5,6 милиони евра се вложија за рехабилитација на автопатската делница од Велес до Катланово, во должина од 23,5 километри.
-Градежништвото како стопанска дејност во последните години е двигател на економскиот развој на Македонија. Реализацијата на капитални проекти дава сигурност дека и во наредните три до четири години ќе имаме перманентен развој на градежништвото и на економијата. Капиталните проекти во изградба на новите три автопатишта, на брзи и регионални патишта се основа за развој на секоја економија, вели првиот човек на градежната комора при ССК, Роберт Хот.
Почнува изградбата на нови експресни патишта!
Финишираат процедурите за изградба на нови експресни патишта во Македонија. Се работи за делниците: Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, Прилеп – Градско, Охрид – Пештани.
-Три од нив се во фаза на тендерска постапка, објавен е тендерот, се бара изведувач. Сите заинтересирани ќе поднесат свои понуди, за некој месец ќе заврши и тој процес, по што ќе почне градбата. Во таква фаза се Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Овие капитални проекти годинава ќе повлечат дополнителен ангажман на градежната оператива, но ќе влијаат и на економскиот развој.
-На краток рок ќе се даде силна поддршка на македонското стопанство и на македонските фирми кои ќе бидат ангажирани на изградбата, а на долг рок, ќе се зајакне конкурентноста на економијата и ќе се обезбедат подобри услови за граѓаните, вели креаторот на државната каса, Зоран Ставрески.
Градежни работи и на железницата
Во делот на железничкиот транспорт се набавени нови патнички и товарни возови кои лесно се забележуваат на пругите, но паралелно во тек е изградба на железничка инфраструктура, се работи на нови пруги и на рехабилитација на постојните делници. Со овие градежни зафати транспортот станува и побрз и побезбеден.
-Вложуваме над половина милион евра и во изградба на железница кон Бугарија и уште една пруга кон Грција. Во тек е изградба на пруга од Битола до Кременица во вредност од 19 милиони евра со средства од ИПА фондовите, вели Мисајловски.
Новини и во авиотранспортот
Влезот на инвеститорот ТАВ во Македонија и политиката на субвенционирање резултираа со нови можности за патување за македонските граѓани. Ако порано бројот на дестинации се броеше на една рака, „Александар Велики“ сега има директна конекција до 34 градови (со новите врски до Берлин, Копенхаген и Братислава).
-За многу кратко време се воведоа многу нови летови до европските метрополи. Летањето стана привилегија на сите граѓани поради пристапните цени на авиобилетите, со што се овозможи многу луѓе, меѓу кои млади лица, цели семејства, како и наши иселеници од дијаспората почесто да патуваат. Од друга страна и многу туристи и бизнисмени почнаа да ја откриваат Македонија, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Лани преку двата аеродрома беа превезени над 1,5 милион патници, што претставуваше раст од 22 процента во однос на 2014 година.Над милијарда евра во патишта!
Во патна инфраструктура се вложуваат повеќе од милијарда евра. Градежната механизација е на

Пронајдете не на следниве мрежи: