Очајниот рејтинг на СДСМ и во иднина ќе резултира со политички настапи на Јанева

Рејтингот на партијата која цела деценија е во опозиција е јасен показател дека граѓаните немаат доверба во СДСМ.Токму затоа партијата на Зоран Заев има единствен план во предизборниот период да води само негативна кампања. Челниците на СДСМ се обидуваат и ќе продолжат да се обидуваат да извалкаат што е можно повеќе членови од раководството на владејачката партија. Тие посегнуваат и по очајнички обиди да им наштетат на политичарите на кои граѓаните им ја даваат својата доверба.
Само 10 дена до распуштање на Собранието, а СДСМ нема ниту програма, ниту идеја, ни презентација.
За експертите е сосема јасно дека следува негативна опозициска кампања, но дека во таквата кампања верен сојузник на СДСМ ќе биде Специјалната јавна обвинителка.
Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, единствениот план на СДСМ е да оди со негативна кампања, а во таквата кампања од голема помош им е Катица Јанева.
-Од СДСМ и од Заев веќе години нананзад, поточно откако е тој на чело на таа партија, ништо не добиваме како програма, не добиваме како идеја, како некој можен иден проект кој би можел да биде реализиран. Единствено нешто што добиваме е истурање на грст бљувотини поттикнати од нивната немоќ да се спротивстават со политики и идеи на ВМРО-ДПМНЕ. За очекување е дека СДСМ на чело со Заев, Шекеринска и Шилегов, како и досега политиката на негативна кампања на оцрнување на луѓе на правење се како би се фрлила некоја дамка како би се оцрнил политичкиот противник. Како примери ќе посочам последниот, фабриката за афери. Целата партија се ангажирала како преку фалсификување на документи и исправи да оцрни одреден број на раководни функционери од ВМРО-ДПМНЕ и од владата, а тоа е пренесувано до скапото платена кампања на СОРОС, а како најистурена перјаница на таа негативна кампања и на обид да се оцрнат луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, секако е Катица Јанева, вели тој.
Пандов во изјавата за Курир вели дека Јанева досега не ги даде одговорите кои и ги должи на јавноста за уште 500.000 разговори од Заев, за становите и барањето концесија за земјоделското земјиште, како и за што таа ги трошела парите. Тој обвинува дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребува функцијата.
-Не видовме ништо од најважниот случај „Пуч“, не видовме да ни потврди она што сите ние веќе го знаеме дека Верушевски и Заев со помош на странски служби ги правеле тие прислушкувања. Ништо од тоа не видовме, сега и денес, а верувам дека и во наредниот период, секој поистакнат функционер на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, ќе гледа преку нејзини пријави или сомненија да ги оцрнува во јавност, смета Пандов.
Граѓаните кои се уште чекаат некаква понуда од Бихаќка единствено што добиваат е деструкција, манипулации и лаги, потопени во политички напади. Експертите оценуваат дека најголемиот проект со кој излегоа во јавноста беше фабриката за афери создадена од Чауш и конструкциите на Јанева чија кулминација беше незаконското апсење на Едмонд Темелко.
Поради ваквото нивни однесување, рејтинзите на партиите се сосема јасни и очекувани.
Според најрелевантните анкети на ИРИ и Брима галуп, СДСМ дебело и неспоредливо заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ.

Универзитетската професорка  д-р Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за Курир вели дека Јанева е продолжена рака на Заев, а СЈО е ставено во функција на СДСМ.
– И покрај денешното буквално правдање пред македонската јавност, со напишаниот говор од друг, очигледно познавач на меѓународното право и на европските документи за човековите слободи и права, за г-ѓата Катица Јанева и нејзиниот тим се е залудно и напразно. Македонската јавност одамна го демаскира СЈО. За мнозинството македонски граѓани, Јанева и СЈО се продолжена рака на СДСМ и на Заев, која треба да му одработи на Заев она што тој самиот не може ни на сон да си одработи. Јанева и СЈО се ставени во функција за драстично зголемување на партискиот рејтинг на Заев, и тоа е сигурно. Јанева и СЈО ќе направат се во периодов што следи до изборите, но и потоа за целосна дискредитација на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги дисквалификуваат партиските личности дека не можат да учествуваат во изборниот натпревар, иако изборните правила велат сосема друго. Во периодов очекувам зголемена „активност“ на СЈО во насока на поведување истражни постапки за сите највлијателни политички функционери на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои СЈО треба да му го одработат на Заев политичкиот терен и да му го покријат срамот дека два месеци пред избори СДСМ нема практично ништо конкретно, нема никаква програма, ниту идејни решенија за проблемите на граѓаните, вели таа.
Професорката смета дека СЈО му е последна надеж на Заев.
-Интересно ќе биде како ќе се одвива оваа политичко-правна драма, со оглед дека специјалните обвинителки имаат очигледно навежбан и подготвен од друг драмски настап, и драматичен вокабулар кој треба да ја зголеми нивната убедителна моќ пред граѓаните дека нешто сензационално откриле, дека кај и да е ќе ги приведат сите во ВМРО-ДПМНЕ, а всушност, ако се погледне подлабоко и правно во нивните случаи ќе се види дека тие практично не откриле ништо, дека нивните предмети се обичен збир од хартии без правна тежина. Практично СЈО му е последната надеж на Заев и на дел од меѓународниот фактор за некаква мирна промена на власта во Македонија. Во периодов што следи ќе се изнаслушаме цел куп политички монтирани случаи што правно се мртви и пред да се појават на прес-конференција, но влогот за доаѓање на власт на Заев е голем, па затоа СЈО ќе продолжи со сценариото на сопствено соучесништво во остварување на мастер планот за уништување на ВМРО-ДПМНЕ, преку кое уништување ќе се стави крај и на македонската држава во денешната форма и со името на државата какво што е денес. Се додека СЈО работи, Заев ќе има простор да се надева за некаков политички пресврт. Се додека СЈО испорачува истражни постапки, обвиненија, притвори итн. Заев ќе може да смета дека паѓање на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е можен и дека граѓаните ќе попуштат пред притисокот. Заев ќе ги одложува изборите се додека тој не е сигурен дека го има придобиено гласачкото тело, иако е длабоко свесен дека тоа е невозможна мисија, затоа што граѓаните никогаш не гласале за рушители на државата, туку за градители на државата. Граѓаните никогаш не гласале за влез на подземјето во политиката, туку за конкретни, сериозни и одговорни личности што работат исклучиво во интерес на граѓаните. Оттаму, обидот на СЈО за дикредитација и уривање на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде јалов, и без никаков политички ефект. Оној што на крај ќе изгуби, ќе биде Заев и СДСМ. Граѓаните ќе ги казнат овие деструктивни ликови, а органот што е соучесник во политичкото сценарио за разнебитување на Република Македонија, и што служи на други, а не граѓанските интереси, ќе биде ставен во аналите на правната историја како најголем национален срам кој воопшто некогаш се појавил на македонската правна сцена, заклучува професорката.Токму затоа партијата на Зоран Заев има единствен план во предизборниот период да води само негативна кампања. Челниците на СДСМ се обидуваат и ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: