Јанева „спаси“ од уништување документација што не може да се уништи

Со активирање на полициските „алфи“ и други полициски сили специјалното јавно обвинителство прексиноќа одзело документи од Централниот регистер во акцијата што оваа институција ја карактеризира како незапаметен упад, а Основниот суд Скопје 1 холивудско сценарио. На одземањето му претходеа разни информации и дезинформации во јавноста за тоа што се случувало прексиноќа во зградата на Централниот регистер. Засега не е познато каква документацијата е однесена и за работењето на кои фирми се однесува, пишува Дневник.СЈО ја почнало акцијата кога претходно обезбедило наредба на судија на претходна постапка откако, според него, ЦР на РМ не постапувал по нивни барања.
– Наредбата е издадена по барање на ова јавно обвинителство откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено н` извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што с` е предмет на нашето барање. Ве известуваме дека во текот на вечерта воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација – се наведува во соопштението на СЈО.
Од тимот на Јанева најавија дека во деновите што следуваат ќе биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање предмети, со оглед на тоа што се работи за многу документи.
– Воедно изразуваме уверување дека добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина – изјавија од специјалното јавно обвинителство.
Во медиумите блиски до опозицијата завчеравечер се појавија информации дека специјалните истражители влегле во зградата околу 16.40 часот и дека вработените во оваа државна институција одбиле да соработуваат.
Подоцна, по заминувањето на истражителите, некој наводно јавил до СЈО дека во зградата се случува намерно уништување на документацијата и по што специјалните истражители упаднале во зградата на Централниот регистер, која ја обезбедувале полициските „алфи“. Наводно, еден час по полноќ во институцијата бил донесен и нејзиниот директор.
Наспроти вакви тврдења, Централниот регистер вчера најостро ги демантира инсинуациите за какво било наводно прикривање, затајување или уништување документација за податоците од регистрите со кои раководи.
– Во нашето досегашното постоење и успешно работење на оваа институција не се памети ваков напад и нарушување на угледот на Централниот регистар. Ние со години сме рангирани како најдобра институција во земјава според најригорозни методологии и на прво место во Европа и второ место во светот според Светска банка. На специјалното јавно обвинителство на 11.12.2015 година му е овозможен неограничен пристап до базите на податоци на Централниот регистер по електронски пат, во реално време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата.
Притоа не е пријавен никаков проблем при користење на системот од нивна страна – соопшти оваа државна институција.
Од Регистарот потенцираат дека од СЈО само побарале да им прецизираат што точно бараат бидејќи барањето било нејасно и непрецизно. Но, наместо да достави појаснување, СЈО приложило судска наредба за привремено одземање списи од одговорното лице на Централниот регистар. Во наредбата од судот, СЈО, сепак, го формулирало барањето во согласност со насоките од Централниот регистар.
Од друга страна, Основен суд Скопје 1 потврди дека по барање на СЈО од судија на претходна постапка била издадена наредба за одземање на документација од Централниот регистар на РМ, а наредба за претрес не е побарана.
– Тоа покажува дека Основниот суд Скопје 1 соработува со СJO наспроти јавно пласираните информации дека ова обвинителство се соочува со најголем отпор токму со овој суд како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај. Доколку имаше и барање за претрес за неа, судијата ќе одлучеше за 12 часа по приемот на барањето.
Ние нема да ја коментираме акција на СЈО и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои повеќе личат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО – потенцира овој суд во своето обраќање.
НЕБУЛОЗНО ТВРДЕЊЕ
– За тоа дека не се случило никакво уништување на документација, сведочи фактот што СЈО на самото место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а некои од бараните податоци им беа предадени. Останатите ќе бидат предадени во согласност со заемно договорената динамика според потребите на СЈО во периодот што следува. Небулозно е тврдењето дека податоци од Централниот регистар воопшто може да бидат уништени, со оглед на тоа што базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски, во реално време, се доставува и до многу други институции,преку веб-сервиси и преку системот за интероперабилност – нагласија од Централниот регистер.
Извор: ДневникСЈО ја почнало акцијата кога претходно обезбедило наредба на судија на претходна постапка откако, според него, ЦР на РМ не постапувал по нивни бара

Пронајдете не на следниве мрежи: