Бугарски „Минстрој“ нов концесионер на рудниците „Тораница“ и „Злетово“

Бугарската компанија Министрој ќе менаџира со рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“. На јавна електронска лицитација Владата одлучи дека оваа компанија е најсериозниот концесионер, со најдобра понуда и за околу 10 дена се очекува да биде потпишан и договор.Компанијата Министроје е водечка компанија во Источна Европа во областа на рударството, а во Бугарија поседува концесија за 6 рудници.
Министерот за економија Беким Незири денеска имаше средба со раководството на компанија и посочи дека конечно ќе се реши егзистенционалното прашање на околу 1000 рудари кои веднаш со потпишувањето на договор ќе бидат вратени на работа.
-Во минатото имавме сериозни проблеми како Влада со концесионерот што до сега менаџираше со двата рудника. Имавме сериозни проблеми околу плаќањето на рударите, на придонесите и на крај, тоа не добро менаџирање и не добро работење ја однесе таа компанија по стечај. Токму поради таа причина ние објавивме тендер за нова концесија и после сите законски процедури Владата реши концесијата да ја добие компанијата Минстрој од Бугарија, истакна Незири.
Тој посочи дека со рестартирање на двата рудника ќе се раздвижи локалниот економски развој во општините Крива Паланка и Пробиштип.
 Сопственикот на Минстрој Николај Валканов, истакна дека тие како компанија веќе имаат искуство со рестартирање на рудници кои сега работата доста профитабилно
Тој посочи дека е запознаен со сите обврски што ги има со потпишувањето на договорот, како неисплатените плати на рударите од претходниот концесионер, долговите кон државата како и инвестирање во самите рудници.
-Бев и во двата рудника, ја видов состојбата и видов дека во последните месеци таму  воопшто не е инвестирано. Нема таква опрема како што имаме ние во нашите рудници. Има потреба од многу инвестиции, сумирано за двата рудника ние ќе инвестираме над 10 милиони евра. Ќе ги вратиме сите рудари на работа, а доколку имаме потреба ќе вработиме и нови, истакна Валканов.
Валканов нагласи дека доколку се оди според планираното и биде потпишана концесијата, Злетово ќе биде веднаш рестартиран и првата руда ќе излезе на почетокот на мај, додека Тораница, поради геолошко проблеми, по неколку месеци. Компанијата „Минстрој“ од 1998 година е приватна и вработува меѓу 2.500 и 3.000 лица, од кои 1.500 се рудари.
На новинарско прашање за најавените жалби од останатите учесници на тендерот за концесија, Незири рече дека тоа е законско право и двете компании, кои што биле едногласно елиминирани од десетчлена владина комисија, веќе имаат поднесено жалби до Министерството за економија и тие ќе бидат процесуирани.
– Едната компанија е елиминирана поради тоа што нема позитивен ревизорски финансиски извештај, а другата компанија поради тоа што секоја година пренесувала загуба. Во една од жалбите, дури стои дека тие направиле грешка при преведување на ревизорските извештаи, поради што и се елиминирани согласно со закон. Ние не навлегуваме во детали и во работата на Комисијата која има целосна автономија во функционирањето, истакна Незири.
На јавното наддавање, кое траеше три часа, посочи тој, учествуваа три сериозни компании од кои едната, компанијата „Солвеј“ што веќе работи во Македонија и компанијата „Гим“, и од почетната сума од 800.000 евра беше постигната сума од околу 2 милиони евра.Компанијата Министроје е водечка компанија во Источна Европа во областа на рударството, а во Бугарија поседува концесија за 6 рудници.
Мини

Пронајдете не на следниве мрежи: