Дождливо време за денес и утре, а од сабота очекувајте…

Најмногу дожд, 54 литри на метар квадратен, во изминатото деноноќие наврна во Пожар, по што следат Пожаране со 25 литри, Берово со 24, Тетово и Виница со по 20 литри, Лазарополе, Ѓуриште и Маврово 18, информира Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Во Крива Паланка наврнале 17 литри дожд, во Струмица 16, 14 во Дебар, по 13 литри во Гевгелија и Ѓуриште, 12 во Битола, Крушево, Дојран, 10 Штип, 9 во Охрид и Скопје.
На повисоките планини, пак, е формирана снежна покривка.
Како што информира УХМР, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне и особено во западните делови, каде на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата во интервал од 7 до 13 степени целзиусови. Во Скопје облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Температура до осум степени целзиусови.
Утре ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег. Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.Во Крива Паланка наврнале 17 литри дожд, во Струмица 16, 14 во Дебар, по 13 литри во Гевгелија и Ѓуриште, 12 во Битола, Крушево, Дојран, 10 Штип, 9

Пронајдете не на следниве мрежи: