Собрание на РМ: Јанева го руши сопствениот легалитет

Денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за наводната нелегитимност на клучните инстистуции на државата претставува врв на еден несмасен потценувачки однос заради што истиот најостро се осудува. Личноста што беше консензуално изгласана во македонскиот законодавен дом, оспорувајќи го неговиот легитимитет добиен од народот на фер и демократски избори, всушност најдиректно го руши сопствениот легалитет.Ова се наведува во реакцијата на Собранието на Република Македонија на денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која рече дека нема да оди во Парламентот и на седницата на Советот на јавни обвинители да го образложи Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство.
– Јанева со овој последен однос, најдиректно придонесува и за натамошно рушење на сопствениот професионален имиџ, со што, иронично, таа самата најмногу работи институцијата што ја раководи забрзано да чекори кон сопствената нелегитимност. Оспорувањето на клучните институции и нивното непочитување претставува опасна игра која може да го доведе во прашање функционирањето на државата. Собранието на Република Македонија сака да верува дека ова е само еден од лошите денови на Јанева, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.Ова се наведува во реакцијата на Собранието на Република Македонија на денешната изјава на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која рече д

Пронајдете не на следниве мрежи: