Заев не го признава Собранието, судството, Владата, а сега и народот кој за него бил фантомски

Вртоглавото менување на работите околу бројката на спорни гласачи во Избирачкиот список изминатиот викенд и последната седница на Државната изборна комисија на која се броеја фантомски гласачи – кога членовите на СДСМ постојано излегуваа на консултации – речиси сигурно водеа кон крах на чистењето на списокот. Имено, медиумите и експертите веќе почнаа да зборуваат дека лицитациите со бројот на спорни гласачи ќе резултира со прочистен Избирачки список, кој опозицијата повторно нема да го признае, пишува ДНЕВНИК.За среќа – едногласно беше изгласан извештајот од вкрстената проверка. Резултатите се околу 100 илјади гласачи за теренска проверка. Обратниот епилог веројатно немаше ни да биде изненадувачки ако се погледне наназад и се направи ретроспектива на сето она што социјалдемократите, предводени од Зоран Заев, досега не го признале – а претставува столб на секоја држава.
Одејќи по ред, се почна на претседателските и парламентарните избори во 2014 година. Уште за време на изборниот ден СДСМ се изјасни дека не го признава изборниот процес за фер и регуларен, за да по објавувањето на резултатите и победата на владејачката ВМРО-, ДПМНЕ со околу 200 илјади гласа разлика, отворено се изјаснат дека за нив избраниот шеф на државата Ѓорге Иванов не е легитимен претседател.
– Ѓорге Иванов е избран на функцијата претседател на Република Македонија, на криминални, нефер и недемократски избори. Од тие причини, СДСМ не го признава Ѓорге Иванов за претседател на Република Македонија. Уверението што денеска го доби Иванов од член на ДИK, во отсуство на дел од членовите во највисокото изборно тело и на претседателот на ДИK, е парче хартија, што притоа не ја одразува волјата на сите граѓани на Република Македонија, рекоа од СДСМ преку допис до медиумите по прогласувањето на резултатите, во мај, 2014.
Нелегитимни Влада и СобраниеИстовремено, за новиот владин состав слично се изјаснија, овој пат лично Заев рече дека владата е нелегитимна и побара формирање на техничка.
– Бараме итно формирање , техничка влада што ќе овозможи спроведување нормални и фер претседателски и парламентарни избори во земјата, рече тогаш Заев, тврдејќи дека на овие избори граѓаните на Македонија се измамени.
Брзо по ваквите процени, СДСМ одлучи дека нема да биде дел од, според нив, „нелегитимното Собрание“. Тогаш настапи и петнаесетмесечниот бојкот. СДСМ го бојкотираа парламентот, но не и платите – кои неколку месеци од бојкотот редовно ги земаа иако собранието работеше без нив. Тогаш се огласи и поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој ретко кога отворено изразуваше поддршка на чекорите што Заев ги преземаше.
– Одлуката да не се признаат изборите и да се бојкотира парламентот, не е спорна и целосно ја поддржувам, рече во едно свое интервју Црвенковски.
Оцрнувањето на највисоките државни институции и органи не заврши тука. МН:Пристрасно судство
Според Заев, не само претседателот на РМ, Собранието и Владата, ами и правосудниот систем е една обична нула. За него „целото судство е партизирано, а Обвинителството работи по налог на владејачките структури“. Тоа го повторуваше во неколку наврати и додека ги презентира, своите бомби. Најгласно се изјасни на 1 јули 2015 година кога категорично одби да се појавува на рочиштата за „Пуч“.
– Од денес не го признавам судството во Македонија како независна власт, од денес кажувам јавно дека нема да го почитувам судот, нема да се јавувам на рочиштата за процес, кој е монтиран директно од Никола Груевски. Без никакви докази јас сум обвинет. Во согласност со Kривичниот закон ги повикувам органите да дојдат и да ме уапсат, јас сум во седиштето на СДСМ или во кампот на слободата пред Влада, рече тогаш Заев.
Следствено на ова, под притисок на опозицијата се формираше и специјалното јавно обвинителство, оти лидерот на СДСМ одбиваше да ги предаде прислушуваните нелегални материјали на единственото државно обвинителство предводено од Марко Зврлевски.
И Уставниот суд непризнат
Последно во сериите плукања и непризнавања на легитимитетот на институциите и органите е Уставниот суд. СДСМ во повеќе наврати на прес-конференции се обидуваше да докаже дека судиите во највисокиот судски орган се партизирани. Ден пред да се приклучи на протестот пред Уставен суд што беше организиран од невладината „Ајде“, Заев, во веќе познатиот стил повика:
– Одлуките на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборен криминал и измама. Учеството на протестот, значи дека застануваме во одбрана на Уставот и уставниот поредок, рече Заев.За среќа – едногласно беше изгласан извештајот од вкрстената проверка. Резултатите се околу 100 илјади гласачи за теренска проверка. Обратнио

Пронајдете не на следниве мрежи: