ТОНАТ ЛАГИТЕ: Граѓаните револтирани што СДСМ ги прогласи за фантоми!

Почна топењето на лагите на СДСМ. Државната изборна комисија (ДИК) пресече дека нема никакви фантомски гласачи , иако јавноста деновиве беше преплавена со лаги диригирани од опозицијата за дури 500.000 такви лица во Избирачкиот список. ДИК одлучи дека ќе се проверуваат „неконзистентности“.Тоа што ДИK заклучи дека на терен ќе се проверат околу 100.000 гласачи, чии податоци беа оценети како неконзистентни, подразбира примери со адресите каде што се впишани повеќе лица, потоа ситуациите каде што има разлики во презимињата на лица што живеат на иста адреса (на пример, сопруг и сопруга со различни презимиња) и слично.
Сепак, ништо од ова не покажува дека има фантомски гласачи, туку станува збор за сосема вообичаени ситуации, имајќи го предвид и системот на адреси во Република Македонија, населбите со дивоградби каде сите луѓе се впишани на една адреса, па дури и ситуации каде некои лица од една општина со дивоградба се запишувале на адреса на друга општина затоа што училиштето и градинката од таа општина биле поблиску до нивното живеалиште.  Накратко, ќе се проверуваат сосема вообичаени ситуации.
Токму затоа ДИK на последната седница едногласно го усвоила Извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различните бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список.
Граѓаните се револтирани што СДСМ ги прогласи за фантоми. Тие велат дека и СДСМ доаѓа пред избори им носат флаери и слични работи, а сега ги прогласуваат фантоми.
-Како прво јас не сум фантомски гласач и не сум ни бил. Во нивно време кога беше истите гласачи беа на истиот избирачки список. Беше истиот избирачки список, тогаш не им сметаше сега и смета. Јас сум бил и тогаш кога гласав бев на тој избирачки список и сега ме има на истиот избирачки список. Мене воопшто не ми е јасно што воопшто им смета нив? Не знам јас кои се тие фантомски гласачи што тие ги измислуваат. Мене како гласач тоа ме навредува, затоа што јас сум бил и тогаш на тој избирачки список и сега сум. Не можат мене да ме направат фантомски гласач кога мене ме имало и тогаш и сега. Секако дека тој став е погрешен, фактички нам што не има гласачите ним им смета. Пак ќе кажам не знам како може мене да ме нарече фантомски гласач кога мене на списокот ме имало и тогаш и сега. Тогаш не им сметало, сега им смета. Не ми се јасни што воопшто бараат. Тие можат да добијат на избори ете само со измислици, работи кои воопшто не постојат. Тоа нема да помине така лесно, ќе се види на 5 јуни дали имало или немало фантомски гласачи. Јас сепак мислам дека такво нешто нема ниту ќе има, вели еден од анкетираните граѓани.
-Имам нова куќа и во неа живеам 25 години. Избирачкиот список мислам не се мешаме ние, имаше комисија. Нема проблем.
-Јас мислам дека нема оние бројки што се покажуваат, се се тоа измислени работи. Апсолутно не, има посматрачи секогаш кога има гласање. Не сум видел проблем, меѓутоа се е ова повеќе политика.
-Сето тоа е лага, нема фантомски гласачки избирачи. Се е тоа лага. Поздрав и сите да гласате.
-Досега немам забележано, таква работа немам забележано. Досега не се десило, отсега натаму не можам да тврдам. Сигурно дека нема фантомски гласачи по мојот рачун. Не прогласија за фантомски гласови, ама на 5 јуни ќе им кажеме дека не е така. Срамота е што го прават тоа, срамота е што го прави СДСМ ова дека има фантомски.
-На оваа адреса живеам од 1960 година. Секогаш гласам на исто место. Немало проблеми, стално си било во ред. Сум гласал, немало никакви проблеми. Досега немам слушнато бидејќи се било регуларно кога се потпишуваме, кога со мастило на палецот не обележуваат и има од сите партии претставници. Нема никаков начин да дојде некој да гласа фантомски, досега немам слушнато ни било такво нешто. Срамота е ова што го прави опозицијата, бидејќи вече околу 20 години носат пропагандни материјали и бидејќи стално губат се жалат на некои нерегуларности. Тие не прогласуваат како фантомски гласачи, ама ние не сме фантомски, ќе им докажеме дека ќе излеземе фер и ќе си гласаме за онаа партија за која си мислиме.
Дополнително, ваквата политика нa СДСМ наиде на потсмев кај социјалните мрежи. Започнаа да се формираат групи И ЈАС СУМ ФАНТОМ, каде познати личности почнаа да ја преземаат пораката дека се фантоми.Тоа што ДИK заклучи дека на терен ќе се проверат околу 100.000 гласачи, чии податоци беа оценети како неконзистентни, подразбира примери со адресит

Пронајдете не на следниве мрежи: