Во своето гостување во дневникот на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборуваше за проектите наменети за младите лица кои ги најави во новата програма на владејачката партија, кои ќе се најдат во новата програма.-Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други мерки за младите. Наидоа на одличен одзив, направивме силен фокус на младите, сметаме дека тоа ќе даде добри резултати за нив, за нивната иднина и оваа листа од 40 проекти која е како дел од нашата нова програма ќе бидат нов квалитет на живот на младите луѓе. Освен што ќе им помогнат на младите, ќе помогнат и во градежниот сектор. Околу 40 милиони евра ќе се инвестираат во 3-4 години за да се спроведат проектите, 40 милиони евра ќе влезат во економијата, многу работници и компании ќе живеат во тие години, потенцираше тој.
Новите 40 мерки наменети за младите лица, додаде Груевски, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобарквалитет на живот.-Понудивме 40 нови мерки од кои дел почнавме да ги имплементираме, но најголемиот дел ги нудиме како дел од новата програма, во која ќе има и други