Фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема. Ваквото однесување на СДСМ е да си создадат алиби за поразот кој ги очекува, тоа е лакрдија на СДСМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во дневникот на Сител.-СДСМ се во хаос пред пораз. По толку напори и валкани игри, ставање на располагање на сили да дојдат на власт, сфаќаат дека се разобличени и дека ќе го имаат истиот пораз како во 2014-та година. Сега бараат алиби да го оправдаат поразот, а тоа е создавање на привид дека којзнае што се случува со списоците. Со исти списоци кои со години победиува вмро, па и сдсм. Сега дека ги чека пораз по таква година ипол каква што им приредија на македонските граѓани. Вчера, како што сум информиран, го тероризираа ДИК со закани, укажувања дека ќе напуштат со цел да издејствуваат поголема бројка на гласачи кои ќе бидат проверени да изгледа дека сомнежот е голем. Ако треба реално со вкрсутвање на евиденции да се проверат 10.000, тие сакаат тоа да биде 100.000, 500.000. Тоа е создавање на привид кој ќе им обезбеди алиби, прво пред изборите пак да одложат, а нема да успеат. И второ ако дојдат на избори да имаат алиби. Ова многу ќе ги чини. Колку е поголема бројката на луѓе кои ќе ги проверуваат, поголем зијан за нив. Тоа се чесни луѓе кои си гласаат по закон, а некој ќе им тропа на врата и ќе ги распрашува. Тоа дополнително ќе влијае на нивниот рејтинг, тие ги множат граѓаните со нула. Фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема, порача Груевски.
Тој потенцира дека СДСМ сака да создаде перцепција дека нешто е матно и дека води битка за алиби, битка за поразот.-СДСМ се во хаос пред пораз. По толку напори и валкани игри, ставање на располагање на сили да дојдат на власт, сфаќаат дека се разобличени и