Пред да се распишам просто чувствувам долг кон себе си како нормален човек да кажам дека нема да користам коректен говор што е политичка кованица смислена од оние што со таков новоговор сакаат да го цензурираат здраворазумието.Значи, како прво, да кажам оти Република Македонија веќе две години е во формално необјавена војна со САД и ЕУ. Сите ние живееме во вонредна состојба која водството на државата избегнува да ја констатира јасно и гласно оти ќе било некоректно кон варварите што нè напаѓаат. Тоа што нашиве политичари цело време глумат нормалност на ситуацијата во која сме, веројатно би требало да им биде некаква си заеднички договорена тактика која обичен народ со капацитет да изведува логички операции не може никако да ја разбере. Но, мене ме интересира дали навистина мислат да се справат со ова срање така што ќе се прават начукнати пред налетите на евро-атлантските дивјаци и домашните дегенерици чиј центар е црпаниот човекојадец Зоран Заев, а преторијанци му се социопати и психопати, односно шљамот на македонското цивилизирано, култивирано и кротко општество. Kога ги гледам на купче и во акција, секогаш се прашувам дали уште има нормални луѓе кои се чувствуваат како „македончиња“? Или сфатија сите конечно дека се полнокрвни нормални цивилизирани луѓе, со фино развиено чувство за морал, одговорност, совест и солидарност. Одговорот го знаете по обидот за пуч врз Уставниот суд. На една страна е самосвесен културен народ. На другата куп фашистички токсичен отпад.
По изведбата на синхрониот напад на германските „хуманитарци“, медиумски платеници како нашиве, а во содејство со тајни служби (кои чекаме јавно да бидат идентификувани) и нашиве општопознати квислинзи и неофашисти, шефот на државата, Ѓорге Иванов, конечно закажа состанок на проширениот Совет за безбедност.
Лично ич не се занимавав со политички коректно скоцканото соопштение. Зошто би трошела време на писание кое ништо не значи за фактичка промена на реалноста? Се фокусирав на членовите на Советот кои расправаат за мојата безбедност. Па, вие бре, можеби можете, ама јас логички не можам да ја сварам гротеската за безбедноста на нацијата и државата да часкаат и склобичкаат заедно одговорни луѓе и ненормални испљувоци? Боже, златен! Зоран Заев, Талат Џафери и Оливер Спасовски, кои до ручек ја уриваат државата и со секое свое дејство ја поткопуваат нејзината стабилност, попладне состаночат кај претседателот кого не го признаваат, ни па го рецкаат, загрижени за државната безбедност. Молам убаво! Ако има некој што ќе ми посочи сличен пример на вакво државно поведение, ќе му бидам крајно благодарна. Аман, немој некој да ме потсети дека тоа така треба да биде зашто така пишува во Уставот. Оти таму не пишува дека оној што активно работи на изведба на преврат или со акции предизвикува граѓанска војна има право да расправа за безбедносната состојба на државата. А нема ниту ред ниту збор за тоа како ќе функционира Советот ако пола од тој главен штаб за одбрана на една држава е клиентела за затвор, според истиот тој Устав, и тоа за дела против државата, за злосторства, за подривање, шпионирање, петоколонашење… Навистина, не е ли црпнато на ова заседание на Советот за безбедност на државата која ја урива по налог на чадорот (како агресор од внатре) до врховниот командант и пучираниот легален премиер Груевски да седи Црпко Црпков? Или да го земам како пример оној терорист на социјалдемократскиот калифат, Оливер Спасовски, кој вонуставно е именуван за алтернативен министер со право на вето во техничката влада. Младичов мртов ладен одговори на поканата на цивилизираниот Иванов и си седна на столче на состанокот за да часка и склобучка за безбедноста која плански тој ја нарушува. Сполај му на нашиот најистакнат дегенерик и социопат полуинтелигентот Љубомир Фрчкоски, инаку македонска верзија на Ал Багдади, овој пат имаме писмен доказ дека „протестот“ на Соросовата деген дркотина пред Уставниот суд бил всушност почеток на изведба на испланиран пуч со главна улога предвидена за полицијата, а со силна (би рекла инспиративна парична и политичка) поддршка од странство. Оти пучови изведуваат или полиција или војска. Присуство на народот на таков настан е само алиби (овие квислинзи го немаат, за среќа, па и полицијата под команда на Спасовски, немала кого да тепа). Овој пат чадорот решил таа улога да ~ ја додели на полицијата. За да ја испроба во акција. Оти војската ни е под команда на НАТО и сенаторот Мекејн, па таа се чува за друга дешавка, погранична, како онаа што ја организираа германски Соросоидни активисти и новинари во содејство со тајни служби и грчка погранична златнозорска полиција, а ја разоткри германската професионална новинарска фела и грчките опозициони тешкаши. Фронталниот напад и од надвор и од внатре овој пат не успеа. Но, се отвори работа за обичното, уставното државно обвинителство и за службите при МВР (оние што сè уште не се преземени од калифатот). Додека пишувам, се надевам и очекувам господата веќе да отвориле и завеле предмет по осуетувањето на пучот и за антидржавните дејства, повици за граѓанска војна и насилно однесување со помош на пучистот Спасовски, кривични пријави да добијат ороводците Фрле, Милчин, Билјали и Сарачини, а богами и Заев и Спасовски. Да не чекаат некој да ги потсетува што им е работа! Уште помалку да чекаат политички директиви од кого било оти се им е напишано во Уставот и е пропишано со закони. Вклучително нивната независност. Бејли не им е газда. Македонскиот народ им е работодавач, а Уставот библија на која се заколнати. Операцијава е потребна за да биде Македонија демократија и правна држава. Организаторите на пучот, пучистите, не се носители на демократија. Никој пучист не бил таков. И овие нашиве се политички неписмени демагози и фразери маскирани во западни демократи, ама распознаени од нормалниот народ. Од Латинска Америка, преку Африка до Азија, а и во Европа (Украина) ниту еден успешен пуч на некој народ не му донел демократија. Добивале само страховлади. Сите пучеви биле подржувани и инспирирани од надвор. Зад секој пуч се крие конкретен интерес на странски моќен спонзор. И по секој со пуч, на етаблираниот диктатор му следува ликвидација или судење покренувано од истиот тој спонзор кој го довел на власт со насилство. Тоа се непобитни факти кои ќе важат и во Македонија.
Според тоа, законското дејство мора да се случи пред да ни организираат втор чин, овој пат со војската. Мразам што морам вака брутално да ве будам од дремливоста што ја шири глуматарањето нормалност од страна на Груевски, кој, иако сè уште активен политичар, се однесува како комуналец кој нема абер што се случува во и околу државата, а претседателот поголемиот дел од времето на вториот му мандат го поминува како семинарџија и колектор на почесни дипломи. Две години, човече! Две години целото општество ни е во бесознание, државата смислено систематски ни ја рашрафува багра општествен шљам од патогени инфериорци. Институциите една по една паѓаат, законите се прогласуваа ништавни, Уставот не се почитува, населението живее во стрес и беспоредок, тормозено од милитантни и деструктивни банди. Што се чека? Господ да ни ги расчисти гомнениците наречени висока политика? Немој некој ден и нему да му пукне филм, па да ни се јави со порака „не викајте ме за сенешто на помош, туку ако сакате премија, купете си прво среќка!“ Оти на Евреите дури по ваква порака им тргна, па си направија држава која со сите сили ја бранат.
Ако дозволиме ова вака да се одвива, значи не сме заслужиле да имаме држава оти не знаеме како да ја чуваме за да ни трае. Штом не ни е важна, ќе бидеме кираџии во други. Kога си под туѓ кров, си или легализиран слуга без права или мигрант на црно, односно обезличен бегалец без заштита. Во таков случај ќе ве снаоѓа она што им се случува на Македонците во Грција и Бугарија, но и во Албанија. Но, нашите потомства може лесно да завршат како оние бегалки што „цивилизираните“ холандски дегенерици, среде цивилизирана Шпанија ги третираа како мајмуни во зоолошка. Мигрантот и бегалецот нема право на достоинство во фашистичка бела и „христијанска“ Европа. Исто како и во „исламскиот калифат“ што го спонзорира. Тоа е лицето на „либералниот“ фашизам, кое е втиснато и на фаците на Фрле, Милчин и Kире Наумов, а не го распознаваат зашто припаѓаат на иста сорта психопатолошки радиоактивен отпад.
Неговото дејство државата не го санкционира во 2001 година, иако намерно и плански ја подриваше одбраната на земјата, ја саботира мобилизацијата оти не дозволи да се прогласи вонредна состојба што се прави рутински кога е во прашање грип, сипаници или заушки. Помните, нели? Така, со помош на СДСМ – терористичка и УЧK увезена, а во организација на чадорот, Македонија се најде во ситуација нејзините бранители да бидат гонети како криминалци, а некои како Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски да завршат во судот во Хаг. Пак ли ќе минуваме низ иста траума? Е, па нема! Не заради нас денес, туку за да не ни ја колнат душата оние што ќе живеат по нас, а ние сме должни да им оставиме во наследство пристоен амбиент за достоинствен живот. Македонското општество не смее да исчезне како дегенерирано. Таа привилегија нека им остане ексклузива на англосаксонските колонизатори и фашисти.Значи, како прво, да кажам оти Република Македонија веќе две години е во формално необјавена војна со САД и ЕУ. Сите ние живееме во вонредна состој