Финансиската полиција во изминатото деноноќие спроведе акција во реонот на Струмица при што од слобода се лишени струмички бизнисмен сопственик и управител на правниот субјект ЕмвиКомерц од Струмица и една вработена на бензинските станици на територијата на град Струмица.При извршениот увид во сметководството на ЕмвиКомерц во Струмица, Финансиската полиција утврди дека бизнисменот за 5 години потрошил еден милион и 500 илјади евра во кеш за набавка на нафта иако паралелно вршел и набавка на нафта во помали количини на фактура од други бензински пумпи. Поради нелогичноста на потрошените количини на нафта за неколкуте машини со кои располага фирмата, Финансиската полиција изврши контрола во сметководството на фирмата при што пронајде 1254 фискални сметки со прилог сметкопотврди за наводно извршена набавка на нафта за потребите на машините кои се во сопственост на ЕмвиКомерц од Струмица.
Поради сомнителноста на случајот, Финансиската полиција направи детална контрола и на бензинската пумпа при што е утврдено дека бензинската пумпа вкупно нема набавено толку нафта колку што бизнисменот успеал наводно да купи од неа во готово. Финансиската полиција откри дека една од вработените на бензинската пумпа во договор со сопственикот на ЕмвиКомерц од Струмица, за определен паричен надоместок кој се движел од 200 до 250 евра на месечно ниво, во својот дом на својот приватен компјутер кој исто така е одземен од Финансиската полиција, изготвувала фалсификат фискални сметки. Бизнисменот и неговата соработничка Е.Т со своите криминални активности успеале да ја оштетат државата за 536.000 евра, заради што против нив до Основното јавно обвинителство во Струмица се поднесени кривични пријави за постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Фалсификување на исправа“.При извршениот увид во сметководството на ЕмвиКомерц во Струмица, Финансиската полиција утврди дека бизнисменот за 5 години потрошил еден мили