Празен политички памфлет наместо отчет-Каде се одговорите Јанева?

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева избегна да даде вистински отчет како одговор што и го должи на јавноста. Наместо отчет таа достави обичен политички памфлет.Каде исчезнаа огромниот број на разговори кои Заев изјави дека ги предал во СЈО?
Лидерот на СДСМ рече дека до СЈО предал над еден милион незаконски прибавени разговори, а во извештајот на Јанева се наведени само 540.646 аудио фајлови и околу 120.000 транскрипти од разговори и аудио фајлови за кои Јанева не кажува дали се практично транскрипти од фајловите на дискот. Јанева не даде одговор каде исчезнаа останатите 500.000 разговори кои недостасуваат за да се дојде до бројката за која Заев изјави дека ја предал.
Скандалозно е што Катица Јанева признава дека си ги преслушувала сите приватни разговори на граѓаните. Дополнително, додава дека таа лично ќе одлучела што е приватно, а што ќе се употребува понатаму. Таа го прави ова и покрај тоа што Судот оцени дека незаконски стекнатите материјали не може да бидат земени како доказ.
Нетранспарентност
Финансискиот дел од извештајот е целосно нетранспарентен. Самата напоменува дека нема податоци за трошењето на финансиски средства по ставки и намени. Јанева и СЈО за 4 месеци потрошиле околу 355.000 евра, што значи дека еден ден на Јанева и нејзиниот тим, граѓаните ги чини 3000 евра.
Зошто ги избрка двете обвинителки?
Јанева никаде не одговара зошто ги избркала двете обвинителки. Таа само кажува дека ангажирала експерти, но ги крие од јавноста.
Јанева не спомнува ништо околу становите за кои медиумите многу пишуваа. Не кажува ништо ниту околу барањето за концесија на државно земјиште и дали дала лажна изјава.
Јанева се фали дека одговорила на голем број на новинарски прашања, но сите прашања кои КУРИР ги испрати до неа, останаа неодговорени.
Катица Јанева, во свој стил, повторно ги девалвира сите останати, вклучувајќи го Собранието и Советот на обвинители кои треба да го разгледуваат извештајот, со укажување дека нејзиниот извештај наметнувал стандард на сите институции од правосудството за јавно и транспарентно однесување.Каде исчезнаа огромниот број на разговори кои Заев изјави дека ги предал во СЈО?
Лидерот на СДСМ рече дека до СЈО предал н

Пронајдете не на следниве мрежи: