ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Подгответе се за…

Претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Попладне почнувајќи од југозапад и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират речиси насекаде.Во ноќните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи од дожд, особено во јужните и западните делови каде ќе наврнат над 30л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Под влијание на влажен бран врнежите ќе продолжат и утре во текот на денот како и во понеделник претпладне.
Поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови (над 25 л/м2 воден талог). На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под  1000 м надморска висина.

Пронајдете не на следниве мрежи: