Петир: Македонија игра клучна улога во бегалската криза и потребна ѝ е поголема поддршка од ЕУ!

Европратеничката Маријана Петир од Хрватска, важи за голем пријател на Република Македонија.Ова посебно се однесува на скорешното актуелизирање на групата „Пријатели на Македонија“.
Петир се најде на мета на грчките националисти од радикалната десничарска партија „Златна зора“, кои во повеќе наврати се обида да предизвикаат инцидент по основањето на неформалната група „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент во Брисел.
Она што е познато е дека Петир ужива голема доверба во Хрватска, што се однесува на одржувањето на христијанските вредности и важи за реална и искрена јавна личност.
При давањето изјави, Петир во една прилика јасно стави до знаење дека стои на страната на Македонија на патот кон евроинтеграциите и НАТО.
 -Република Македонија под своето уставно име е признаена во Хрватска. Јас го користам тој назив и ќе продолжам да го користам. Грчката блокада на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ не е примерна – кажала Петир, додавајќи дека билатералните прашања не смеат да бидат пречка за отворање на преговорите.
Петир јасно се заложува за напредок и просперитет на нашата земја, па на социјалните мрежи често знае да објавува ставови во врска со политичките случувања во Македонија, но и надвор од неа.

Пронајдете не на следниве мрежи: