Младите се задоволни од мерките кои ги најави Груевски

Младите задоволни од новите 6 мерки кои ќе придонесат за нивна подобра иднина. Бесплатните ласерски корекции на видот за студентите, бесплатни леќи за средношколците и студенти од 16 до 26 години стапува на сила од 2017-та.Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ детално ги објасни придобивките од мерките кои се преточени од нивните барања и се веќе дел од  програмата на партијата.
Спортистите не го криеја своето задоволство од мерката бесплатен лекарски преглед за млади репрезентативци кои до сега беше на нивни товар а го правеа 2 годишно.
-Ова ќе биде исклучително голем поттик за младите да можат барем во националните првенства да се претстават, рече Мартин Несторовски, каратист.
И професионалните музичари добија субвенции. Проектот за финансиска помош  за купување на музички инструменти е уште еден од проектите наменети за млади, најавен е и студентски фестивал.
-Во Охрид, Штип, Битола и Тетово овој фестивал ќе трае по еден ден, додека во Скопје ќе трае по неколку денови на шест различни локации, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.
-Услов на секој музичар е да има добар инструмент. За добар инструмент се потребни навистина премногу средства особено во класиката. Јас свирам контрабас, инструментот ми е од 1000 евра па нагоре, рече Александар Темелковски, музичар и член на Либеро бенд.
Груевски вчера најави и отворање на дополнителни 3 најсовремени читални во Прилеп, Струга и Гевгелија. Со новите 6 последниот период владејачката партија промовираше вкупно 40 мерки за млади,а дел од нив веќе се реазлизираат.Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ детално ги објасни придобивките од мерките кои се преточени од нивните барања и се веќе дел од  програмата

Пронајдете не на следниве мрежи: