Провидни трикови на СДСМ за ново бегство од избори

Проблематизирањето на Избирачкиот список единствената сламка за спас на опозицијата од изборната катастрофа што се очекува да ја доживеат на изборите на 5. јуни  Она што опозицијата сега хистерично го брани, а поврзано со проверка на живеалиште на избирачите е во насока да се внесе што е можна поголема несигурност меѓу граѓаните. Најважно е да се испочитува принципот еден човек- еден глас. Досега нема случаи на двојни уписи и од страна на СДСМ се проблематизираат работи кои немаат врска со изборниот процес.  Ваков е ставот на експертската јавност по последните случувања во јавноста поврзани со прочистувањата на Избирачкиот список и секојдневните обвинувања од опозицијата за наводни нерегуларности.Промената на адреса на граѓанин е обврска, но не е кривично дело. Се санкционира како прекршок и казната изнесува 20 евра, коментираат познавачите. Според нив, тоа не го скратува  најосновното уставно загарантирано демократско право на глас на граѓанинот, односно тој има право да гласа на адресата каде што е регистриран.
Според Универзитетската професорка  по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан први“, Тања Каракамишева- Јовановска, се очекувала ваква класична политичка пропаганда од страна на СДСМ, а поврзана со единствената сламка за спас на опозицијата од изборната катастрофа што се очекува да ја доживеат на изборите на 5. јуни.
– Јасно е дека избирачкиот список може да го проблематизираат внесувајќи во самиот процес на негово прочистување небулозни критериуми кои се тотално нерелевантни за изборите и за избирачкото право. Да ги потсетиме СДСМ дека согласно Уставот реализирањето на избирачкото право е единствено поврзано со македонското државјанство и со навршени 18 години на живот. Тоа значи дека секој што е полнолетен македонски државјанин на кого не му е одземена деловната способност има право на глас, вели Каракамишева- Јовановска.
Таа додава дека целата проверка со избирачкиот список треба да биде во согласност со уставно поставената рамка, која треба да биде во насока дали во РМ се почитува клучниот изборен принцип еден човек-еден глас. Таа смета дека најважно е да се испочитува принципот еден човек- еден глас. Досега нема случаи на двојни уписи и од страна на СДСМ се проблематизираат работи кои немаат врска со изборниот процес.
– Сето друго што опозицијата сега хистерично го брани, а поврзано со проверка на живеалиште на избирачите е во насока да се внесе што е можна поголема несигурност меѓу граѓаните дека наводно државата нема легален и легитимен избирачки список, што не е точно. Проверката на тоа дали се почитува најважниот принцип еден човек-еден глас може да се направи единствено преку вкрстена проверка на матичните броеви на граѓаните. Тоа е најсуштествено, се друго е сеење магла и политичка манипулација единствено и само во насока на пролонгирање на изборниот процес до недоглед. ДИК не смее да влезе во оваа политичка манипулација и да го брани интересот на СДСМ за внесување хаос во јавноста а поврзано со Избирачкиот список. ДИК треба да се држи до Уставот и до Изборниот законик, без да создава дополнително алиби за опозицискиот  најголем интерес-изборите да не се одржат, смета универзитетската професорка.
Таа додава дека методологијата утврдена во Изборниот законик, ако членовите на ДИК не ја користат во насока на уставна гаранција за почитување на правото на глас може лесно да биде поништена од Уставниот суд кој е должен орган да ги штити уставно-загарантираните права и слободи на граѓаните. Никој не смее да биде над Уставот, заклучува Каракамишева- Јовановска.Даштевски: Опозицијата со инсинуации се обидува да ги одложи изборите
Директорот на Универзитетот Евро-Балкан проф. др. Александар Даштевски вели дека последните случувања се резултат на списокот кој го објави ДИК на веб страната да можат граѓаните кои не ја смениле адресата на живеењето да интервенираат на време.
-Тоа не е официјален список. Споредбеното прочистување на списокот е во тек и кога ќе биде завршено ДИК ќе излезе во јавноста и ќе го објави списокот. Поради тоа во веќе објавениот список се појавуваат луѓе со повеќе адреси. Тоа се должи на непријавувањето на промена на адреса, што претставува прекршок и казната за него е 20 евра, ако се утврди во прекршочна постапка. Но, сведоци сме дека има и многу невистинити работи кои се пуштаат во јавноста, како што се адресата на пратеничката Даниела Рангелова, која бидејќи беше сигурна дека не е пријавена отиде на лице место и се увери дека таму постои друга личност со исто име и презиме. Исто така имаше инсинуации со пратениците Димитар Стевананџија и Павла Саздов кои докажаа дека на нивните адреси не се запишани повеќе граѓани, вели Даштевски.
Тој додава дека не треба да заборавиме оти анкетите кои пред се ги прават странски агенции за истражување на јавното мислење се во полза на владејачката коалиција и тоа разликата е повеќе од двојна.
-Овој факт не ја остава рамнодушна опозицијата која со најновите инсинуации се обидува да ги одложи изборите или да не излезе на гласање. Со тоа се доведува во прашање политичката криза во државата која може да се продлабочи и да предизвика поголема економска криза. Да не ја заборавиме и состојбата со бегалците која може да ескалира и да ја влоши безбедносната состојба. Сето тоа не е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Затоа на 5-ти Јуни, кој беше договорен како последен датум за изборите на граѓаните треба да им биде овозможено да го дадат својот глас, вели Даштевски.
 
Сето ова произлегува од стравот на СДСМ од избори
 Соочени со катастрофалниот рејтинг меѓу граѓаните, според последните анкети на релевантните институти, СДСМ и нејзините медиуми деновиве посегнуваат по очајни манипулации и провидни трикови кои веднаш се распрснуваат како балони од сапуница.
Аматерската и провидна манипулација на „Фокус“ викендов беше веднаш разобличена и веднаш се разоткри нивната лага за фиктивни гласачи. Даниела Рангелова од Центар се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.
– Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.
Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има над 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.
– Втората груба манипулација и потценување на граѓаните е тоа што СДСМ намерно лаже и премолчува дека во Брвеница нема систем на улици и адреси. Затоа жителите на Брвеница се регистрирани на една адреса. Разликата во поддршката која што ја има ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа. Не е ниту 100 гласа или 1000 гласа. Разликата е 200 000 гласа. Затоа СДСМ се плаши и се обидува да конструира афери. Со ваквото деструктивно однесување на СДСМ, таа разлика ќе се зголеми на 5 јуни, рече Рангелова.
Рангелова ги повика ДИК и МВР кои се најодговорни за избирачкиот процес да се погрижат за сите детали вклучувајќи го и прочистувањето на избирачкиот список.
-Ако СДСМ се сомнева во било што, ја има контролата на ДИК и на МВР, двете најодговорни институции за спроведување на изборите. И меѓународните претставници потврдија дека има доволно време да се преземат сите мерки и активности за СДСМ да биде уверен дека поразот што ќе го доживее на 5 јуни е легитимен, порачаа од владејачката партија.Промената на адреса на граѓанин е обврска, но не е кривично дело. Се санкционира како прекршок и казната изнесува 20 евра, коментираат познавачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: