Јолевски – Каве: НАТО и Европската унија се приоритет за Македонија

Членството во НАТО-алијансата е приоритет за Република Македонија за што сме и целосно подготвени, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната средба во Министерството со генерал-мајор Иан Каве, заменик командант за планирање во Здружената команда на сојузничките сили во Неапол.Како што информира Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека реформскиот процес во Армијата тече во континуитет.
– Започнавме со процес на модернизација кој е исклучително важен. Тоа што е битно е дека работевме напорно на дефинирање на приоритетите кои се важни за одржување на способностите на Армијата, но и на интеропративноста со земјите-членки на Алијансата, рече министерот.
Тој додаде дека посветуваме големи внимание на развојот на идните офицери, факт кој се гледа и преку развојот на Воената академија, воведувањето на еден семестар на англиски јазик и можноста за размена на питомци со респектабилни воени универзитети во земјите-членки на Алијансата.
Во однос на поддршката кон воспоставување на глобалниот мир и безбедност, министерот Јолевски истакна дека Армијата на Република Македонија продолжува со значајниот придонес во мисијата во Авганистан, „Одлучна поддршка“, исто како и со мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата УНИФИЛ во Либан и логистичката поддршка кон КФОР на Косово.
– Ги разгледуваме можностите за идно зголемено учество во мисиите на Обединетите нации, согласно потребите и нашите капацитети, додаде министерот.
На средбата соговорниците разговараа и за мигрантската криза која го зафати континентот при што заклучија дека е потребна сеопфатна стратегија која ќе ги опфаќа европските земји, Турција и Сирија.
– Во тој контекст, министерот посочи дека припадниците на Армијата се присутни на јужната граница во поддршка на единиците на Полицијата, со цел обезбедување хуман третман на мигрантите, но и обезбедување на тој дел од земјата и оневозможување на илегалното преминување на границата. наведува Министерството за одбрана.Како што информира Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека реформскиот процес во Армијата тече во континуитет.
– Започнавме

Пронајдете не на следниве мрежи: