Македонците сакаат да одат на Солун

Поранешниот генерал на ЈНА и близок соработник на Тито Јово Капичиќ, тврди дека притисоците од Советскиот сојуз и барањата кои пристигнувале од Македонците, се двете главни причини зошто Југославија се вмеша во грчката граѓанска војна.„Македонците бараа да интервенираме и да се судриме со Грција, бидејќи веруваа дека ќе го земат Солун и околината.“ – изјавил поранешниот генерал во интервју за грчката новинска агенција.
На прашањето дали оваа идеја била поддржана и од членови на Комунистичката партија во Скопје, Капичиќ одговара:
„Секако, постоеја такви аспирации, отворено се споменуваа во партиските органи, но избегнуваа јавно да бидат изразени. Истото што го сакаат сега, го сакаа и тогаш. Идејата од секогаш постоела.“ – вели Капичиќ.
Генералот раскажува и за односите Белград-Скопје, вели дека за да се смират партиските членови од Македонија, Југославија решила да се вмеша во граѓанската војна, најпрво со отворање на болници, но не продолжила со поголеми интервенции поради реакциите од западните земји.
„Политичкото раководство на Југославија сметаше дека народното востание во Грција нема никаква шанса за успех, а и Западот никогаш немаше да дозволи да се стави Грција под чадорот на Советскиот Сојуз. Ние го знаевме тоа, но мораше да се вклучиме, поради Советскиот Сојуз и нашите Македонци. “ – вели поранешниот генерал и близок соработник на Тито, во интервјуто и раскажува како оружјето од поранешниот советски блок преку Југославија стигнувало во Грција.

Пронајдете не на следниве мрежи: