Директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, гостуваше во телевизијата ТВ Нова и отворено зборуваше за актуелните случувања во земјата.Во интервјуто, Петровски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ од своја страна ги има остварено сите услови кои што беа предложени во договорот од Пржино, двојно беше зголемен буџетот на ДИК, беше назначен технички премиер, поставени министри кои нелегитимно дојдоа на високи функции.
Од друга страна, СДСМ недолично се однесуваше и сѐ уште смета дека е теренот не е расчистен за спроведување на избори на 24 април.
Во прилог на тоа, оди и нехуманото однесување на Ван Хауте, којшто на секој можен начин се обидува да ја омаловажи работата на институциите и земјата.
Петровски даде свој коментар за одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не преговара понатаму со Ван Хауте.
– Ја поздравувам оваа одлука. Ова е стабилна и зрела одлука на една партија која што сериозно размислува за иднината на оваа држава. Крајно време беше на тој човек да му се каже дека не е објективен. Тој беше повикан во Македонија да ги олесни работите, а не да ги комплицира. Тој е човек којшто ја изгуби својата објективност, а со потценувањето на македонскиот народ ја изгуби својата кредибилност. Ние не сме протекторат, ние не сме држава која се наоѓа некаде во непознатите територии на Африка – посочи Филип Петровски.
Тој посочи дека работата на Ван Хауте воопшто не е во согласност со европските стандарди и со неговото примање на дневница од 1.000 евра се однесува недолично, посебно поради тоа што тој како медијатор ги исмева вредностите и општествената сфера во земјата.
Петровски даде свое мислење и за притисоците со кои е соочува земјата во однос на бегалската криза, во која организациите на СОРОС намерно предизвикуваат дестабилизација и конфликт со кој дури и помоќни земји не би можеле да излезат на крај.
– Соросовите организации со отворени раце им велат „добредојдовте“ на бегалците, а потоа македонската полиција и силите на МВР испаѓаат лоши откако ги затвораат границите по наложување на ЕУ – вели Петровски.
Во понатамошното негово говорење, Петровски објсани дека бомбите на Заев, аферите со фабрикување на лични карти и обидите за манипулација со настани кои длабоко го потресоа македонскиот народ, се само обиди да ја префрлат вината кон ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да го исчистат образот.
– Битно е да утврдиме дека она што му се припишуваше на ВМРО-ДПМНЕ беше конструкција за да се ослабне државата – вели тој.
Петровски се осврна и на неколку, да речеме, недолични теории кои фрлаат сенка врз македонското секојдневие и кои сериозно треба да го загрижат секој македонски граѓанин.
– Целокупното подземје во Скопје и Македонија, чека СДСМ да дојде на власт за да се пресмета со сите ситуации кои не им одговараат. Документите и опремата кај Чауш отвораат многу карти и сомневања за да може народот да види со какви луѓе си има работа – посочува Петровски.
За ова сведочат и доказите дека Фабриката за афери со која Заев се обиде да ја оцрни работата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност е дело на неговиот долгогодишен пријател Захир Бекири – Чаушот.
Со оглед на фактот дека странските фактори се во улога на опозиција во земјата, треба да станеме повеќе од свесни дека Заев и неговата гарнитура се во улога на марионети чии дејствија можат да ѝ наштетат на земјата.
Во продолжение можете да го проследите целото интервју со д-р Филип Петровски:
Во интервјуто, Петровски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ од своја страна ги има остварено сите услови кои што беа предложени во договорот од Пржино, двојно