Началникот дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Бев приведен без судски налог и не дадов никаков отпор бидејќи немам направено никакво кривично дело, вели градоначалникот на Општина Пустец Едмонд Темелко при гостувањто во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител телевизија.На прашање на гледач дали имало судски налог за апсење, Темелко рече дека таков налог немало и тоа е најголемата грешка по бруталното влегување во домот.
– Тоа е факт. Полицијата не ми даде никаков документ, ми дадоа само да потпишам дека сум приведен во полциската станица во Ресен, тоа не може никој да го негира. Побарав, ми го покажаа само документот од СЈО. Свесен сум дека немам направено никакво кривично дело и не дадов никаков отпор, само го замолив началникот да ми дозволи да се облечам бидејќи бев во пижами. Дури и тоа не го дозволуваше, да се напијам лекови. Дури не сакаше да ми даде да ги земам со мене лековите. Тоа беше нечовечко и нехумано однесување без одредена документација, вели Темелко и додава дека е достапен за сите институции.
Единствениот македонски градоначалник во Албанија, открива дека однесувањето на полицијата, а посебно на началникот од Битола, наликувало на грчките полицајци од минатото.
-Начинот на однесување на полицијата посебно на началникот на Битола наликуваше на, старите кај нас велат кокорофилак, а тоа е грчки полицаец од минатото, истакна Темелко, кој гостуваше во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ.
Темелко ја прераскажа голготата низ која поминал тој и неговото семејство кога полицијата му заѕвонила на вратата од неговиот дом.
-Без да покаже ни налог ни ништо, ѕвони на вратата и излегува жена ми, кои сте вие праша жена ми, а од таму велат отвори, без да каже ни полиција ни ништо. Жена ми им ја турна вратата, се исплаши, вели кои се овие непознати луѓе. Почнаа да тропаат силно на вратата, а јас и викам кој сака нека биде отвори. После кажаа дека се полиција и извадија значка. Дури не ме оставаше ниту да се облечам, по мене идеше. Јас одам во купатило, тој по мене иде, јас му велам абе човек од трет спрат кај може да избегам, чекај ќе дојдам. -Ќе видиш ти, ќе видиш ти, само тој збор го повторуваше. Без никаков налог беше, а јас го прашав дали има или нема документ, како доаѓа да ме уапси, додаде Темелко.На прашање на гледач дали имало судски налог за апсење, Темелко рече дека таков налог немало и тоа е најголемата грешка по бруталното влегување во