Заев, Чауш и Спасовски директно вмешани во настаните од „Дива населба“

Во својата последна колумна на Драган Павловиќ – Латас, насловена како „Мортиша“ како мрачниот лик од „Адамс Фемили“ покрај освртот на последните настани во врска со Специјалното Јавно обвинителство, Латас открива дека наскоро следува фаза во која Заев и Спасовски ќе мора да објаснат од каде 80 панцири кај Чауш, и за кого биле наменети.Терористичкиот напад во Кумановската населба „Тоде Мендол“ или „Диво Насеље“ од почетокот е под сомнеж дека била планирана од надворешни центри на моќ, во соработка со актуелната опозиција во Македонија, која во тој период организираше протести низ Македонија, а нејзиниот претседател Заев отворено се закануваше дека доколку не бидат прифатени нивните барања, Македонија ќе западне во длабока криза и дестабилизација.

На терористичкиот напад во Куманово претходеше нападот на караулата во Гошинце од каде беше украдена голема количина на вооружување и друга опрема, која подоцна се потврди дека била користена во нападот во „Диво Насеље“.
Оваа хипотеза ја потврди и еден од уапсените терористи кој ја потврди верзијата, и ги упати истражните органи до местото каде што било скриен остатокот од оружјето и опремата која не била користена во терористичкиот напад, а била украдена од Гошинце.

Веднаш по завршување на дводневниот терористички напад, во кој загинаа 8 Македонски херои, и 14 терористи (официјално 10 откако интервенираше „чадорот) меѓу кои и странски инструктори, Зоран Заев во придружба со Оливер Спасосвски актуелниот технички министер за внатрешни и генерален секретар на СДСМ, беа во посета на Куманово. Таму беа пречекани со овации и скандирање, а се фотографираа и со јатаците на терористите. Ова беше дополнително сомнително, бидејќи ден претходно, Албанците од Куманово протестираа и ја бркаа полицијата со погрди зборови.
Скандалот со „Фабриката за Афери“ внесе раздор во СДСМ.
Скандалот со кој СДСМ се надеваше дека ќе извојува уште некои барања да бидат уважени од страна на претставниците на ЕУ и Западните земји, катастрофално пропадна откако беше откирена фабриката на Закир Бекири – Чауш кој во своја просторија фалсификувал лични исправи и фалсификувани документи со кои требаше да се инкриминираат функционерите на власт. Но, тоа и не беше пронајдокот кој беше најшокантен, иако претходно Љубиша Арсиќ доби награда за истражувачко новинарство од ЕУ, поради тоа што дошол до фабрика за фалсификување на лични карти, а всушност се било организирано и планирано од Заев за да се фрли дамка на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната влада.

Она што беше најшокатно, беше пронаоѓањето на 80 панцирни елеци, за кои никој не даде објаснување, зошто се, од каде се нашле кај Чаушот и за кого биле наменети.
Драган Павловиќ – Латас во својата последна колумна фрла зрак светлина врз овој пронајдок.
Имено, според Латас, Оливер Спасовски, Зоран Заев и Чаушот биле во директна поврзаност и комуникација со терористите и терористичкиот напад во кумановската населба „Диво Насеље“. Тоа лесно може да се потврди доколку се повлече линијата помеѓу пронаоѓањето на панцирите кај Чауш, и неговата врска со Заев и Спасовски како член на СДСМ кој фабрикувал афери, пишува Инфомакс.
Дотолку повеќе, пред речиси неполн месец, еден од командатите на групата која го изврши терористичкиот напад на Куманово, командант Малишева напиша отворено писмо од притвор во кое тврди дека: „за акцијата беа запознати американски дипломати, амбасадата на САД и персоналот на Бондстил како и ОБСЕ“, вели Малишева во писмото, и додава „да не беше ОБСЕ немаше кој да не спаси, бидејќи Али Ахмети одбиваше да ни помогне“.
Доколку Малишева признава дека за акцијата бил запознат и „чадорот“ кој го спонзорира и поддржува Зоран Заев, а Драган Павловиќ – Латас вели дека 80-те панцири пронајдени кај Чауш се директна врска помеѓу Заев, Спасовски, Чауш и терористите, тогаш очигледна била намерата на опозицијата и „чадорот“ за дестабилизација на државата.
Ова тврдење дополнително може да биде поткрепено и со комуникацијата помеѓу Зоран Заев и сопругата и братот на Чаушот во текот на вечерта кога беше уапсен Закир Бекири, поради Фабирката за Афери.
Имено, тие преку Вибер стапиле во контакт неколку минути откако Чауш бил фатен од полицијата, уапсен и одведен во полициска станица. Сопругата на Чаушот барала од Заев да направи се за да го ослободат, на што тој одговорил „Знаеш кој стои позади нас, ништо нема да биде од ова“.
На прашањето на Латас за време на интервјуто на Заев во Сител телевизија, кој е тој што стои позади него, Заев одби да одговори, но следниот ден Шеќеринска покажа дел од сценариото кога одбивајќи да престане со зборување откако и заврши времето на интервјуто се заблагодари на сите оние кои извршиле притисок таа да учествува на Канал 5 телевизија.
Да заклучиме. Позади политичката криза и планот за дестабилизација на Македонија стојат одредени земји кои Заев во својата комуникација со неговите соработници ги именува како „чадорот“. Така ги именува и Верушевски во комуникацијата на Скајп кога претпоставуваше дека во Македонија ќе има граѓанска војна како во Украина.Терористичкиот напад во Кумановската населба „Тоде Мендол“ или „Диво Насеље“ од почетокот е под сомнеж дека била планирана

Пронајдете не на следниве мрежи: