ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Граѓаните веруваат на дела, а не на празни зборови

Во нашиот град предизборно во посета доаѓаат функционерите на СДСМ. На лицемерието му нема крај – милионерите од СДСМ дојдоа во Прилеп за да зборуваат за средна класа.Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:
Истите функционери што во времето кога беа на власт, Прилеп комплетно го заборавија. Функционерите кои воопшто не помислуваа на нас прилепчани, функционерите кои ни оставија неасфалтирани улици, не оставија без вода за пиење, функционерите на СДСМ кои ги затворија речиси сите фабрики во Прилеп и придонесоа за рекордна невработеност на прилепчани.
Господине Манчески, зошто денес во Прилеп не дојде Шеќеринска која ја најавивте? Непожелна ли е за вашето членство во Прилеп заменичката на Заев со која ја уништија вашата партија?
Вас ли ве испратија да го смирувате незадоволството и расколот кај вашите членови и функционери во Прилеп, или како што тие се нарекуваат меѓусебно “дечките со кваките”? Дали дојдовте да ги замолчите вашите членови кои отворено и јавно се спротивставуваат на погубните политики на Заев кои ја уништуваат вашата партија? Господа од СДСМ зошто кога бевте на Власт не ги реализиравте сите овие проекти кои денес им ги ветувате на граѓаните?
Зошто не ги покачивте платите, пензиите, социјалната помош на граѓаните за ниту еден денар, туку напротив на пензионерите им скративте 8%, а тутунарите ги оставивте на улица? Дали тие пари наместо кај граѓаните завршија во луксузот во кој живеат функционерите на СДСМ, во станoви, викендици, скапи џипови и коли, јахти на Јонско море, скапа гардероба, гердани и ексклузивни одмори? Никогаш не одговоривте како ќе ја внесете Македонија во ЕУ и НАТО за 6 месеци. Дали ветивте промена на името на Република Македонија? И за крај, посочете барем еден проект кој сте го реализирале за доброто на Прилеп во вашите 25 години постоење на македонската политичка сцена.
Еден единствен проект кој сте го реализирале за доброто на нашиот град! Нема господа од СДСМ! СДСМ нема реализирано ниту еден проект за Прилеп и треба да се срамите кога доаѓате и ветувате пред прилепчани. Граѓаните веруваат на дела, на ветени и реализирани проекти, а не на убавите зборови кажани од Вас! Ние заедно со нашите сограѓани ги решаваме проблемите со кои се соочуваме!
Разликата е јасна и очигледна! Додека единствен проект на СДСМ е вештачки да предизвикуваат криза и да ја уништат Македонија, ВМРО-ДПМНЕ работи максимално посветено и презентира реални проекти со отчет за секоја ветена програма. Додека во ваше време затворавте фабрики, денес нови фабрики се отвораат и се враќа радоста кај граѓаните кои вие ја уништивте.
Довербaта која македонскиот народ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ во последните години е јасна и недвосмислена! Има уште многу прашања кои треба да ги одговорите, но македонскиот народ памети дека за вас од СДСМ на најважните прашања одговарате со „Некои прашања не заслужуваат одговор“.
Но, од народот бегање нема, ве чека мудро. Судот на народот доаѓа и ќе ви пресуди за сите злодела што ги направивте кон сопствената држава.Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:
Истите функционери што во времето кога беа на власт, Прилеп комплетно го забора

Пронајдете не на следниве мрежи: