Ременски продолжува со партизација на Центрите за социјална работа

Иако Управниот суд донесе решение за времена мерка за суспендирање на одлуките на  техничката министерката за труд и социјална политика во однос на претходните решенија за разрешување директори на Центри за социјална работа и јавни установи и во тек е жалбена постапка пред Вишиот Управен суд, Ременски продолжува со премолчено реваншистичко разрешување и партизација на институциите во ресорот на труд и социјална политика.Техничката министерка за труд за социјална политика назначена за спроведување на предвремените избори, Фросина Ташевска Ременски, денес разреши шест  директори на Центри за социјална работа како и двајца директори на Јавни установи ( Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и Јавна установа Детски дом “ 11 Октомври”) Причините поради кои се разрешени се небулознои, незаконски па дури и патетични при што се јасно се гледа решеноста на Ременски за партиски чистки и одмазди. Она што нејзиниот претседател Заев го најавуваше дека ќе јадат живи луѓе и ке бркаат од работа од директори до хигиеничари, техничката министерка Ременски слепо го спроведува, кршејки закони и процедури.
Директорите на Центарот за социјални работи во Куманово, Свети Николе,Кавадарци и Јавна установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми се разрешени  поради “непотпишување на менаџерски договори” од истата причина со која Ременски го правдаше претходното разрешување на директори. Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов покрена тужба до Управниот суд кој донесе мерка за суспендирање на одлуките на  техничката министерка за труд и социјална политика во однос на решенија за разрешување директори на Центри за социјална работа и јавни установи.
Оваа одлука техничката министерка не ја почитува.
Директорите на Центрите за социјална работа од Гевгелија и директорот на  Јавна установа Детски дом “ 11 Октомври”се разрешени за наводно недоставување на годишен финансиски извештај иако постојат докази истите се уредно испратени и доставени во министерството за труд и социјална политика. Со овие факти причините за разрешување се небулозни.
Смислено сценарио е направено со разрешувањето на директорот на Центарот за социјални работи Битола каде за причина се зело за наводен недостаток на документација во предмети за остварување на право на социјална и постојана парична помош, иако директорот воопшто не добил повратен записник од надзор со цел да се произнесе или даде забелешки, со што постапката по надзор сеуште не е завршена и конечна и не може да биде причина за разрешување.
Најдалеку е отидено со разрешувањето на директорот на Центарот за социјална работа од Крива Паланка каде наводно е константирано недостаток на документ за доделување на еднократна парична помош а притоа директорот воопшто не добил записник од надзорот со цел да се изјасни или даде забелешки. Директорот е разрешен бидејќи доделил 2000 денар еднократна помош на единаесетчлено семејство во социјален ризик.
Побаравме став до дополнителниот заменик министер, Диме Спасов кој изјави дека  повторно е прекршен Законот за социјална заштита, Законот за Влада.
Спасов најави дека ќе бидат поднесени нови тужби против техничката министерка за незаконско и несовесно работење како и за прекршување на административните процедури.
“И во овој случај ќе ги искористам сите правни средства за спречување и докажување на незаконското, несовесно и нестручно работење од страна на Фросина Ременски. Техничката министерка прави кадрови разрешувања со што дополнително се внесува хаос во функционирањето на министерството. Вакво противзаконско разрешување и реваншизам не се памети” ни изјави Спасов
Против Фросина Ременски во тек е и кривична пријава за назначување на в.д директор на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци спротивно на условите предвидени во Законот и Статутот на институцијата.Техничката министерка за труд за социјална политика назначена за спроведување на предвремените избори, Фросина Ташевска Ременски, денес разреши&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: