Специјално тајно обвинителство

Кај најдоа на јадење да ја носат.Без никаква најава, но и без никаква информација потоа, специјалната обвинителка Kатица Јанева вчера се сретна со десетина претставници на држави на Европската Унија во земјава во канцеларијата на ЕУ во Скопје, каде што домаќин е евроамбасадорот Аиво Орав.
Средбата ќе останеше тајна ако за неа неформално на својот твитер-профил не објавеше Орав и тоа со фотографија на Јанева со десетина амбасадори и порака дека и’ даваат поддршка. Ова е втора тајна средба на обвинителката со дипломати за која јавноста дознава случајно преку интернет и социјални мрежи. Kон средината на декември Јанева отиде во Белград на средба со амбасадори на повеќе држави што ја покриваат Македонија од Србија. За средбата се дозна откако за неа објави австралиската амбасадорка на својот Фејсбук-профил со фотографија на Јанева со дипломатите и со порака дека таа информирала за својата работа.
Поддршката јавна, за средбата ни збор„Сите амбасадори од Европската Унија во Скопје изразуваат силна поддршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и нејзината работа“ напиша на „Твитер“ евроамбасадорот Орав објавувајќи ја средбата.
Има и фотографија на која се гледа Јанева со амбасадори и претставници на Франција, Холандија, Германија, Шпанија и на други држави членки на ЕУ.
Поддршката и’ ја дадоа јавно преку зборовите на Орав, но за средбата немаше ниту збор. Од канцеларијата на ЕУ во Скопје не даваат информации за самиот настан. Неофицијално се работи за неделна средба на европски амбасадори со Орав, но овој пат била поканета и Јанева. Kој е поводот за оваа средба и што точно се разговарало нема сознанија.
Молчат и во Специјалното јавно обвинителство. Ни таму средбата ниту беше најавена ниту дадоа информации по нејзиното одржување. Ги прашавме во СЈО на чија покана се одржала средбата, кој бил поводот и за што било разговарано, како и за тоа дали на средбите со амбасадорите биле отворени прашањата за кривичните пријави против тимот на Јанева, потоа за дисциплинската постапка што треба да се води за обвинителката од СЈО вршела притисок на судија од Управен суд, како и за незаконското отстранување на двете обвинителки од тимот на СЈО. Одговор не добивме.
Обвинител и дипломати не одат заедноОдговор не добивме и во декември за средбата на Јанева во Белград, каде што исто така се сретна со дипломати. Но не е индикативно само тоа што Јанева со странските дипломати се сретнува тајно, туку и што воопшто се сретнува со странски претставници. Таа во четвртокот имаше средба и со американскиот амбасадор Џес Бејли, а претходно имаше средби и со тројцата европратеници.
Во декември, по тогашната средба, консултиравме обвинители од други држави во регионот за тоа колку е вообичаено еден обвинител за својата работа да ги информира, пред сè, претставниците на странски држави. Првите луѓе на Специјалното јавно обвинителство за воени злосторства во Србија и од Државното обвинителство во Хрватска никогаш не реферирале за својата работа на неформални средби со странски дипломати, ниту јавно се фотографирале. Од кабинетот за односи со јавноста на првиот човек на српското СЈО за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ, информираа дека уште за време на почетокот на нивната работа во 2003 година се соочиле со напади од јавноста и новинарите поради комуникација со дипломатите во Србија. Но велат дека и тогаш и сега одговорно тврдат оти средби и разговори имало само тогаш кога тоа било неопходно заради конкретни процеси врзани со други земји, односно поради потреба од меѓународна правна помош. Никогаш, никаде, ниту еден обвинител не се сретнувал со странски амбасадори, кои на Балканот всушност се мешаат во политиката на домашната земја, за да му биде изразена поддршка.
Извор: Дневник / Kатерина НешковаБез никаква најава, но и без никаква информација потоа, специјалната обвинителка Kатица Јанева вчера се сретна со десетина претставници на држави н

Пронајдете не на следниве мрежи: