Наместо да се екстрадираат, убијците од Смиљковско езеро се ослободени на Косово!

Кривичниот суд од Приштина ги ослободи од затвор двајцата обвинети во случајот „Монструм”, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ,кои беа на издржување затворска казна за друго дело во затвор во Косово, јави весникот на албански јазик „Коха“.Според одлуката на судот во Приштина, нема зошто двајцата да бидат задржани во Косово, бидејќи според косовскиот суд не можат да бидат задржани за дело за кое нема доволно аргументи.
Од канцеларијата на нивниот адвокат Бесник Бериша, соопштија дека конечната одлука е донесена еден ден пред завршувањето на казната затвор во траење од две и пол години во затворот Дубрава, заради поседување на нелегално огнено оружје. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, беа уапсени на 3 март 2013 година во приштинската населба Сончева долина, а во нивните домови беа најдени рачни бомби, пиштоли, автоматски пушки и муниција.
Во тој период во Македонија веќе беше почнат судскиот процес за масакрот кај Смиљковското Езеро – случајот „Монструм“, а по нив беа распишани меѓународни потерници бидејќи се товареа за тероризам. Косовските власти веднаш поднесоа кривични пријави за недозволено држење на оружје и распрскувачки материјали и им беше изречен притвор.

Македонските власти не ја искористија оваа можност, туку напротив, надлежното Министерство за правда кое го раководеше кадарот на ДУИ, Блерим Беџети, намерно одолговлекуваше со потпишувањето на барањето за екстрадиција кое три недели стоеше на негово биро и фаќаше прав.
Беџети не се ни потруди да објасни зошто не го потпишува барањето, игнорирајќи ги прашањата од медиумите. Ниту неговите надлежни во Владата на РМ не реагираа на оваа постапка и не извршија притисок тие да бидат екстрадирани и да им се суди во Скопје за тероризам, кривично дело од најтежок вид и облик.
Беџети имаше и помош од неговите косовски колеги со кои манипулираа во јавноста дека Демири и Исмаиловиќ се косовски државјани и дека поради тоа Косово нема да ги екстрадира сѐ додека ова и официјално не го демантираше никој друг туку косовското МВР.
Потписот на барањето на екстрадиција Беџети го стави неколку дена откако почна судскиот процес против нив во Приштина, а тогаш веќе не постоеше ниту правна можност тие да бидат испорачани во нашата држава.Според одлуката на судот во Приштина, нема зошто двајцата да бидат задржани во Косово, бидејќи според косовскиот суд не можат да бидат задржани за

Пронајдете не на следниве мрежи: