Денешната прес конференција на Александар Кирацовски од СДСМ откри невиден скандал.Кирацовски како заменик министер во МИОА ја злоупотребил позицијата и од министерството изнел службени податоци за вработени во администрација и тие списоци ги депонирал во СДСМ. На овие списоци се наоѓале лични податоци како име, презиме, матичен број, институција каде е вработено лицето, како и оценките од пилот проектот за оценување на администрација кој се спроведе минатата 2015 година.
Овие податоци СДСМ потоа делумно ги покрила и истите ги лиферувала преку партискиот маил до сите медиуми. Ова е доказ дека личните информации за вработените во администрацијата завршиле во рацете на СДСМ.
Овие документи ги добија и опозициските медиуми, кои истите ги објавија. Со ова и тие го продолжија овој скандал.
Пренесуваме само дел од документите објавени од опозициските медиуми, а испратени директно од штабот на СДСМ.
Пред извесно време медиумите објавија дека во седиштето на СДСМ средби со раководството на партијата остарувал Захир Бекири Чаушот, лице кај кое што потоа биле пронајдени база на лични податоци од преку 120.000 граѓани, кои истиот тој Бекири Чауш ги злоупотребувал во својата Фабрика за Афери за изработка на фалсификувани документи, патни исправи и сметки. До ден денес ниту СДСМ, ниту министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не откри како овие податоци стасале до нелегалната фабрика за афери на Чаушот.
Ова е скандал од голем размер.
Јавноста исто така ја памети изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дадена во Валандово, каде тој јавно се закануваше со јадење живи луѓе и бркање на вработените во администрацијата со цел да се обезбеди место за вработување на партиски кадри од СДСМ.Кирацовски како заменик министер во МИОА ја злоупотребил позицијата и од министерството изнел службени податоци за вработени во администрација и ти