УМС- Велес со крводарителска акција во чест на раѓањето на Гоце Делчев

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес, по четврти пат ја реализираше крводарителската акција во чест на раѓањето на македонскиот великан ,,Гоце Делчев”.Мотото на овогодинешната крводарителска акција во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес гласеше ,,Направи добро дело – Дарувај крв”.
На почетокот на акцијата, уште во првиот час беа дарувани над 30 крвни единици, а крајниот збир на собрани крвни единици беше 105. Со што слободно може да се каже дека акцијата заврши и подобро од успешно.

 
Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Живе Катранџиев истакна дека е задоволен од крводарителската акција и одзивот на велешани. Особено што и голем дел од крводарителите се млади луѓе кои повеќе пати имаат дарувано крв.
Задоволството не го криеше и Др. Анита Божинова Петковска од институтот за трансфузиона медицина, која истакна дека Велес е град на хуманоста.
Од Унијата на млади сили истакнуваат дека ќе ја продолжат оваа традиција и во наредните години.

 Мотото на овогодинешната крводарителска акција во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес гласеше ,,Направи добро дело – Дарувај крв

Пронајдете не на следниве мрежи: