Николовски покажа тотално непознавање на секторот водостопанство

Дополнителниот заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски продолжува со  манипулациите и дезинформации во јавноста, се вели во соопштението од МЗШВ.-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште еднаш ќе појасни дека чистењето на каналите се финансира преку Програмата за рурален развој со што годишно се чистат околу 100 километри каналска мрежа. Кои канали ќе се чистат зависи од доставените барања и елаборати со дефинирани локации и потребни финансиски средства на водостопанските претпријатија, а Управата за водостопанство при МЗШВ врз основа на тие барања распишува тендер. На тендерот за 2014 година на кој се јавиле 18 економски оператори на јавната електронска аукција учествувале 15, а  4 од нив дале најповолни услови односно најниски цени и со нив се склучени договорите. Секое водостопанско претпријатие определува надзор кои на терен ја следи и ја потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации покрај надзорот ги потпишува и изведувачот на работите,директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ, се вели во соопштението.
Покрај оваа законска постапка која е спроведена во целост, додаваат од МЗШВ, министерот Михаил Цветков пред исплатата на средствата дополнително формираше Комисија за проверка на изведени работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чии состав покрај членовите од МЗШВ има и членови од други надлежни државни институции. Оваа комисија беше на терен, состави писмен извештај поткрепен со фото документација со што се потврдува дека сите економски оператори ги извршиле активностите согласно условите во договорите.
-Обвинувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски дека поплавите се случиле поради неисчистени канали го покажува неговото тотално непознавање на секторот. Имено, поплавите не настанаа поради неисчистените канали туку, поради енормното покачување на нивото на реките кои вишокот на водата го вратија во каналите за одводнување, се вели во соопштението.-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште еднаш ќе појасни дека чистењето на каналите се финансира преку Програмата за рурал

Пронајдете не на следниве мрежи: