Груевски: Преку програмата за вработување оваа година ќе се вработат 8.700 невработени

Еден од клучните столбови на работењето на ВМРО-ДПМНЕ е зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Ние имаме огромен фокус на ова поле кое вроди со плод, рекордно ниска невработеност со стапка од 25,5 проценти.Ова денес во гостувањето во вестите на Сител го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување.
-Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес  дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица,  а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките, посочи Груевски.
Груевски апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици  и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.
Тој додаде дека сугерирал подрачните единици на АВРМ што повеќе да ги викат лицата на разговор и детално да им ги објаснат мерките, бидејќи, како што посочи потребно е некогаш да им се каже патот до остварување на нивната цел.Ова денес во гостувањето во вестите на Сител го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес присуствуваше на работен состанок на

Пронајдете не на следниве мрежи: