Компанија од Кочани стана глобален добавувач на Џонсон Мети

Во организација на Институтот Павел Шатев денеска се одржа трибина со наслов ”Инвестициите во Р. Македонија” на која гостуваше Виктор Мизо, директор на Технолошко-развојни индустриски зони.Изминатата 2015 година беше година на успешни инвестиции бидејќи голем број на странски, но и домашни инвеститори ја искористија поволната бизнис клима во Македонија и одлучија да инвестираат во некоја од Технолошко индустриските зони во државата.
Бројот на вработени во ТИРЗ во 2014 година изнесувал околу 3.500 луѓе во однос на бројот на вработени во 2015 година кога бројка беше околу 5.000. исто така беше видлива и економската активност на компаниите, особено извозот и соработката со домашните компании.
-Извозот мината година достигна бројка од 1,5 милијарди евра и тоа е зголемување за околу 26-27 % со претходната година што е многу респектабилна бројка. Но истовремено и соработката со домашните компании. Веќе во процесот на работа околу 500 домашни компании активно соработуваат со компаниите во зоните. Пред неколку дена Ван Хол кажа дека само во нивната мрежа на добавувачи се околу 150 компании, објасни Мизо и додаде дека тоа се компании од различни области.
Во случајот на Џонсон Мети, компанија од Кочани изработи едни специфични големи тенкови кои што се поврзани со сите хемикалии кои ги користи компанијата. Вредноста на производите кои ги направи домашната компанија а која ги користи Џонсон Мети во двете фази била над 8 милиони евра.
-Врз основа на таа соработка тие станаа глобален добавувач на Џонсон Мети. Тоа значи дека на нивните 16 локации во целиот свет директно компанија од Кочани одеднаш стана глобален добавувач. Тоа не би се случило доколку не дошол Џонсон Мети во Македонија, рече Мизо.Изминатата 2015 година беше година на успешни инвестиции бидејќи голем број на странски, но и домашни инвеститори ја искористија поволната бизнис к

Пронајдете не на следниве мрежи: