Божиновски: СДСМ го користи избирачкиот список како обид за одложување на изборите

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, смета дека СДСМ во недостаток на ништо друго, избирачкиот список го користи како некаков аргумент во обид за одложување на изборите.– Моите очекувања се дека манипулациите околу тоа дали е прочистен или не избирачкиот список ќе продолжат и понатаму. Ќе се опструира работата на ДИК, или ќе се направат обиди за опструкции, се со цел изборите закажани на 24 април да бидат одложени. Ако СДСМ навистина сметаше дека е потребно уште малку време за прочистување на избирачкиот список зошто не го прифатиле датумот кој бил понуден, наместо 24 април тоа да биде 5 јуни, не се согласиле со тој датум, не предложиле ниту друг датум за кој сметаат дека таа работа ќе биде завршена. Тоа се прави исклучиво со цел тие избори да бидат пролониграни, да се манипулира а Македонија да продолжи да биде во политичка криза, Владата да неможе да работи со полн капацитет, вели Божиновски за Сител.
Според него ние веќе имаме избирачки список, а прочистувањето е техничка операција која се спроведува пред секои избори. Со сличен став деновиве јавно излегоа и поранешни претседатели и членови на ДИК од СДСМ.
– Избирачкиот список е техничка операција која се спроведува пред секои избори. Така да, тоа воопшто не е проблем. Ние веќе имавме избирачки список, само треба да се надополни за оние кои што станале полнолетни, да се отстранат оние кои што се починати и оние кои се одјавиле од македонското државјанство. Така да, тоа не ниту проблематична ниту долготрајна операција која треба да се направи. Тоа што го прави претседателот на ДИК, ние видовме дека тој делува сам, а се обидува да го претстави како став на ДИК. Тоа е исклучиво во некаква консултација или по налог на оние кои го предложиле односно на Зоран Заев, изјави Божиновски за Сител.– Моите очекувања се дека манипулациите околу тоа дали е прочистен или не избирачкиот список ќе продолжат и понатаму. Ќе се опструира работат

Пронајдете не на следниве мрежи: