По средбата меѓу Владата и ДИК: Нужна е организацијата на фер, кредибилни и демократски избори

Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, денес се одржа работна средба на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите и Државната изборна комисија.Двете страни ја истакнаа својата посветеност и заложба за организација на фер, кредибилни и демократски избори, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
Владата за спроведување на избори и Државната изборна комисија, согласно законските прописи и изразената волја се согласија за координирана соработка во функција на спроведување на фер, кредибилни и демократски избори, интензивна комуникација во насока на креирање на решенија за реализација на изборниот процес согласно законските прописи и дејствување во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Владата за спроведување на изборите ја истакна својата постојана подготвеност за одговор на барањата на Државната изборна комисија и задоволување на кадровските, организациските, финансиските, техничките и сите останати потреби на Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија ги презентираше своите активности за спроведување на изборите и обезбедување на доверба во изборниот процес, начелните акциски планови, видувањата и размислувањата по однос на изборниот процес и посветеноста на Комисијата кон организацијата на изборите.
На средбата беа изнајдени решенија за поголем број на отворени прашања кои беа претставени од страна на Државната изборна комисија, а се однесуваат на определени финансиски решенија, технички потреби, опрема, начини на обезбедување на материјали и достапност на државните институции за потребите на ДИК.
Владата за спроведување на избори веднаш ги задолжи владините институции и тела за реализација на конкретните заклучоци кои беа договорени на средбата а се однесуваат на барањата на ДИК.
Владата за спроведување на избори, водејќи се од врвниот приоритет за организација на фер, кредибилни и демократски избори, за сите активности и мерки кои се во функција на спроведување на изборите, ќе изготви соодветен преглед(матрица) кој ќе биде разгледуван на секоја владина седница како прва предточка на дневниот ред. Покрај тоа, Владата и на дневна основа ќе ги задолжува владините институции, органи и тела за реализација на активностите побарани од страна на ДИК, како и сите други активности кои се значајни за организација на изборите.
Владата за спроведување на избори и Државната изборна комисија и во идниот период ќе продолжат со интензивна комуникација и соработка.Двете страни ја истакнаа својата посветеност и заложба за организација на фер, кредибилни и демократски избори, стои во соопштението од владиниот С

Пронајдете не на следниве мрежи: