Бакрачески ќе присуствува на меѓународна конференција за бегалската криза

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена на бегалската криза, што вчера и денес се одржува во Виена, Австрија.На дводневната работна средба  најбројни се  градоначалниците од земјите погодени од кризата  со бегалците, а учествуваат и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи  во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците  засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво.
На конференција чиј покровител е „Кахане“ фондацијата од Австрија, учествуваат градоначалници, заменици градоначалници и претставници  на локални самоуправи од повеќе европски  и азиски земји.На дводневната работна средба  најбројни се  градоначалниците од земјите погодени од кризата  со бегалците, а учествуваат и експерти

Пронајдете не на следниве мрежи: