Државен архив: Прием на фонд од Ефтим Гашев

Државниот архив на Република Македонија ве информира дека на 28 декември 2015 година ја презеде личната архива на г. Ефтим Гашев, писател, публицист, жртва на политичкиот терор во СР Македонија и политички затвореник во КПД „Идризово“ во периодот 1945 – 1953 г. Е. Гашев е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др.Фондот „Ефтим Гашев“ го опфаќа периодот 1941 – 2015 година и содржи: лични предмети од „Идризово“, лични документи, 3 компакт-диска со радио и ТВ-настапи и интервјуа, публикации, поезија, монодрами, колумни и статии од дневниот печат, преписка и фотографии. Господин Ефтим Гашев постави услов фондот да се користи само со негова дозвола.
Со приемот на фондот „Ефтим Гашев“ во Државниот архив се очекува да се расветлат уште некои непознати моменти од македонската повоена историја особено со оглед на тоа дека создавачот на фондот од 1944 година бил член на револуционерната група на ВМРО во Југославија.Фондот „Ефтим Гашев“ го опфаќа периодот 1941 – 2015 година и содржи: лични предмети од „Идризово“, лични документи, 3

Пронајдете не на следниве мрежи: