Да се потсетиме како плукачите на СДСМ ги омаловажија кошаркарите и навивачите!

Во денешната објава која ќе вклучи потсетување на историскиот успех на македонските кошаркари во 2011 година на Евробаскетот во Литванија, ќе се потсетиме како македонските граѓани беа јавно омаловажени од страна на дежурните плукачи на опозицијата.Во игра се пет лица на кои не им беше важно што нашата земја постигна историски успех, лица кои останаа неми и глуви пред 200.000-те грла луѓе кои едногласно пееја и на плоштадот во Скопје ги дочекаа кошаркарите за да им оддадат почит и благодарност што ја претставија Македонија во најдобро светло.
Па така, наведените персони беа и повеќе од дрски да ги наречат македонските граѓани сурија, маса со испрани мозоци, кретени и прости само поради фактот што навиваа за спортистите кои го етаблираа името Македонија во историјата на кошарката, кои како аутсајдери (како што многумина предвидуваа), го освоија четвртото место и нѐ направија горди. Оваа „сурија на кретени“ – како што „академскиот граѓанин“ Најчевска се осмелува да навредува, станаа мета на критики затоа што ја пееја песната „Излези момче“.
Како тоа да не е доволно, подоцна се удри и по кошаркарите зошто не донираа дел од парите за инвестиција во Македонија (нешто што дежурните плукачи на СДСМ и не можат да се сетат кога нивните патрони го имаат направено тоа за оваа земја), па името Гоце Делчев и зборот „шовинизам“ се најдоа во една реченица и ред други нешта.
Овие 200.000 навивачи и поддржувачи, оваа „сурија“ ќе гласа на изборите. Со ваква анти-кампања којашто сино-жолтите папагали ја прават против матичната партија, данокот ќе се наплати наскоро.
„Малоумната толпа“ ќе биде доволно паметна да ОГЛУВИ пред нивните молби и лажни ветувања кога најмногу ќе им треба, вистинските луѓе коишто ја сакаат оваа земја нема да дозволат да погазат на честа и образот за да се свртат на „продадената“ страна, па макар ни за едно евро од Вицето.
Погледнете го видеото во приложениот твит:

Да се потсетиме како соросоидите (како и завчера) плукаа по нашите спортисти и Македонија. Секогаш е организирано https://t.co/ByHpliXGZC
— Соросов Калифат (@SetajBranko) January 21, 2016
Во игра се пет лица на кои не им беше важно што нашата земја постигна историски успех, лица кои останаа неми и глуви пред 200.000-те грла луѓе кои

Пронајдете не на следниве мрежи: