Три нови читални за младите

Нови читални ќе се градат во Струмица, Аеродром и Велес.Ова е еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Проектот ќе го спроведува Министерството за образование и наука кое ќе обезбеди работа на читалните секој ден во неделата. Читалните ќе бидат со капацитет од 100-150 места и ќе има 10 компјутери на располагање за читателите.
Читалната во Струмица, рече Груевски, е навистина потребна бидејќи во овој град има 670 редовни и 1200 вонредни студенти. Предвидено е читалната да биде лоцирана во Центарот за култура.
Општина Аеродром е избрана како општина со голем број на млада популација, а во Велес има над 600 студенти и дисперзирани студии.
Овој проект ќе се реализира во јануари 2017-та година, а до тогаш ќе течат подготвителните активности.Ова е еден од петте проекти наменети за млади луѓе кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Проектот ќе го спроведува Ми

Пронајдете не на следниве мрежи: