Министерот кој треба да се грижи за работничките права и безбедноста на работниците во државата, ги подложува своите вработени на несигурност и опасност.Имено, како што вчера објави Денешен, техничкиот министер Фросина Ременски ги остави вработените во Министерството за труд и социјална политика, вработените во 30 центри за социјални работи и 9 јавни установи како и корисниците згрижени во институции под капата на министерството без осигурување. Неосигуран е целиот движен и недвижен имот, како и сите моторни возила на министерството во 2016 година.
Јавната набавка за осигурување на движен и недвижен имот, лица и моторни возила за 2016 година чекала на потпис кај техничката министерка од 23-ти ноември 2015 а истата била потпишана од нејзина страна дури на 21-ти декември.
Ременски со својата постапка без осигурување стави и подложи на опасност 2.448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството, иако за таа намена од Буџетот на министерството било издвоено 4.000.000 денари.
По однос на овој преседан и очигледно смислена опструкција и ставање во опасност на вработените во МТСП, денеска реагираше Синдикатот на работниците во администрацијата и државната управа.
-Реагираме на екстремното влошување на условите за работа на вработените во институциите под капата на министерството за труд и социјална политика. Напоменуваме дека одмаздничкиот однос не е вперен само кон оние кои извршуваат функции во јавните установи. Во нашите разграноци низ државата има масовни реакции од незадоволство на наши членови после објавата на медиумите кои не беа демантирани од техничката министерка дека вработените останале без осигурување. Ние сме должни да реагираме и да ги заштитиме интересите на вработените во државната управа односно вработените во јавните устаноци и центри за социјална работа, се вели во реакцијата.
Тие прашуваат дали е возможно ова министерството кое има законска должност да ги унапредува и подобрува правата на работниците да прави ваков престап на основно право на работникот право на безбедност?
-Укажуваме дека нас како синдикат не не’ интересираат техничките и произволно изговори кои би дошле од министерството зошто во моментов се неосигурани вработените под нивна капа. Ја предупредуваме техничката министерка за струд и социјална политика доколку продолжи вакво отворено кршење на работничките права со било кој нејзин нареден гест, ќе пристапиме кон радикализирање и ќе ги информираме меѓународните организации. Внатрешниот хаос во министерството не може да се рефлектира врз грбот на работникот, не постојат никакви изговори, се заклучува во реакцијата.
Покрај синдикатот, на ваквите неразумни потези на Ременски реагираа и родителите на децата со попречености.
Марина Билбиловкса, претседател на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа , во име на родителите апелира до министерката за труд и социјална политика што побрзо да ја исправат грешката, да не се препукуваат, нашите деца не се партиски ориентирани. Партиски не смеат да не обојуваат или возвраќаат.
-Како родител на дете со попречености и како претседател на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа општо сите родители сме згрозени од состојбата во која се најдовме самите ние. Нашите деца е потенцијални корисници на истите услуги во кои сега се сместени без разлика, дали се децата без родители, дали се децата сместени во Центрите за нега и грижа, вели Билбиловкса.
Ги повика челниците на МТСП под најитно да ги поправат грешките и да ни се извинат на нас родителите.
-Следејќи ги информациите од медиумите ова на нас ни личи како на политичко препукување. Ако партите имаат нешто помеѓу себе , нека седнат нека си го решат тоа зошто мора тоа од нашите деца да почне. Без разлика од нашите деца или од вработените кои работат во институциите. Ако тие вработени не земаат личен доход како ќе дојдат они на работа да работат со моето дете, заклучува таа.
Покрај овој преседан, да не заборавиме дека Министерството во голема мера последниве два месеца е парализирано.Имено, како што вчера објави Денешен, техничкиот министер Фросина Ременски ги остави вработените во Министерството за труд и социјална политика, вр