Хан: Партиите да се држат до договорот од Пржино

– Ги повикувам политичките партии во Македонија да се држат до договорот од Пржино, порача денеска еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, одговарајќи на новинарски прашања Хан посвети голем дел од неговиот говор за неуспешните преговори во петокот во Скопје, каде беше урнат дел од договорот меѓу политичките партии во однос на 24 парил како ден кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.
Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”.
– Тоа ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди. Направив се за да го обезбедам потребното набљудување, на пример ОДИХР ќе испорача 24 долготрајни набљудувачи. Како за пример, во Турција тие имаа 30 такви набљудувачи и за една мала земја во споредба со Турција да има 24 е многу, како и 300 на изборниот ден. Мојата поента е дека е важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји-членки да почнат преговори, истакна Хан.
Запрашан зошто се разговара за друг датум и што е сменето по неговата изјава во петокот вечерта, со оглед на тоа дека добил гаранција од ОДИХР, но и од претседателот на ДИК дека изборите може квалитетно да се спроведат на 24 април, Хан со одговор:
– Двете страни ми кажаа пред петочниот состанок дека се уште е можно да се обезбедат избори, како на пример претседателот на Државната изборна комисија рече дека има потреба од луѓе за компјутерска технологија и за правници за да се справуваат со жалбите, но исто така и за луѓе да прават теренска проверка што беше потврдено од Владата, од каде рекоа дека ќе ги удвојат вработените за таа цел. Но, уште еднаш мислам дека е поважно ако е можно да има договор меѓу сите партии, бидејќи ова е нешто што успеавме за време на минатите месеци да го имплементираме договорот од јуни/јули, потенцира Хан.
Еврокомесарот додаде дека „не секогаш партиите се држеле до датумот кога има одреден краен рок што е договорен, но на крајот се е имплементирано”.
– Ќе биде одлично ако и изборите се спроведат во овој дух, каде сите ќе бидат посветени на тоа. Во секој случај, ги повикувам сите играчи во земјата да се држат до договорот од јуни и јули, порача Хан.
Еврокомесарот за преговори за проширување посочи дека е загрижен за малиот прогрес во однос на усвојувањето на итните реформски приоритети од извештајот на Рајнхард Прибе и порача дека „има многу елементи и поенти во извештајот на Прибе што може да бидат исполнети до изборите”.
– Тука се соочуваме со одложувања и ги повикувам сите партии да останат посветени, бидејќи тоа е дел од потребниот реформски процес и што порано тоа го направат, толку подобро и толку земјата ќе биде подготвена на европската перспектива и на евроатлантската перспектива. Значи, во рацете на одговорните лица и да се грижат за земјата и за луѓето, рече Хан.
Во однос на решавањето на состојбата во медиумите, запрашан како е можен договор кога наместо европски закон, опозицијата во Македонија бара лично да ги води Јавнито сервис и Агенцијата за медиуми и дали е потребно таков цензорски закон или закон по пример на некоја од земјите на Европската унија, Хан беше дециден дека мора да се најде компромис, а не да се делува со и под уцени.
– Реструктуирањето на општеството во многу области е потребно и посебно дел од овие преговори посредувани од Петер Ванхуте, па се надевам дека ќе има прогрес. Она што е важно за земјата и тоа не само во однос на оваа земја, туку и многу земји во Западен Балкан е дека мораме да го напуштиме црно-белиот пристап. Во демократијата се потребни компромиси и тие не се нешто лошо, туку нешто каде сите добиваат нешто, но исто така и се откажуваат од нешто во интерес на сите. Да се биде силен после него во однос на претходно и ова треба да се научи од политичката елита, но и од луѓето. Не е дека сте победник или поразен и ако продолжиме вака нема да го направиме потребниот прогрес. Мораме да разбереме дека се работи за соработка и за наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни. Природата на демократијата е да се најде компромис, добар договор, не лош договор, посочува Хан.
Во однос на миграцискиот проблем и неговата поента во Скопје дека во овој дел може да има проблем за Македонија, еврокомесарт истакна дека „неговата поента била во давање коментар за исходот од минатиот петок, дека има многу предизвици за земјата и Владата и дека миграциското прашање во моментов е најголемо оти има сомнеж дека ќе се соочиме со продолжување на ситуацијата како што видовме во 2015 година”.
– И ако некои европски земји го направат тоа што го најавија и ги затворат границите, тоа може да влијае на ситуацијата во Скопје. Затоа, реков дека ова е еден пример, а друг е економската ситуација и ситуацијата со невработените. Има многу прашања на кои треба да им се посвети целосно внимание од страна на Владата, но и на опозицијата во Парламентот и затоа ги повикувам сите да се договорат за датумот за избори со цел да бидеме пофокусирани и поконцентрирани, заврши Хан.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, одговарајќи на новинарски прашања Хан посвети голем дел од неговиот говор за неуспешните преговори во

Пронајдете не на следниве мрежи: