„ОТВОРЕН ДЕН“ во Државниот архив на Република Македонија

Државниот архив на Република Македонија денеска се вклучи во интернационалната прослава на роденденот на Википедија. Имено на настанот наречен „Отворен ден“, во своите простории прими група Википедијанци како и други гости, кои на прошетка низ Архивот имаа можност да се запознаат со работата и големината на оваа институција.Исто така посетителите имаа можност да видат дел од архивското богатство, да купат некои од изданијата на Архивот по промотивна цена, и да постават прашања до вработените, на кои добија стручни одговори.
На крајот прошетката заврши со дозвола за фотографирање од терасата на Архивот, од каде го имаа најубавиот поглед кон Скопје.

Потоа матичниот Викиедијанец на посетителите им говореше за почетоците на Википедија, како и други интересни податоци поврзани со слободната енциклопедија.
Малкумина останаа на последниот дел: кратка обука за уредување на Википедија. 

На 15 јануари 2001 година започнат е проектот „Википедија“. Од тогаш до денес, развојот на оваа слободна енциклопедија која секој може да ја уредува е огромен: отворени се 291 јазични Википедии, меѓу кои е и Википедија на македонски јазик. Почетоците на Википедија на македонски јазик се направени од група ентузијасти во септември 2003 година. До денес на македонски јазик се создадени нешто помалку од 85 илјади статии, сите напишани од волонтери.
Исто така посетителите имаа можност да видат дел од архивското богатство, да купат некои од изданијата на Архивот по промотивна цена, и да пос

Пронајдете не на следниве мрежи: