СДСМ повторно подготвува насилни сценарија

Џељо Хоџиќ, еден од најгласните политички експоненти на СДСМ повторно најавува бејзбол палки и насилства.Најголемата опозициска партија СДСМ во очај повторно подготвува насилни сценарија. Еден од најгласните сдсомовски експоненти, самопрогласениот граѓански активист Џељо Хоџиќ најавува бејзбол палки и насилства.
– Кога не можеме да ја решиме “демократијава” по Груевски, гасете се останато. Овде веќе освен земање правда во свои раце не помага ништо друго. Деновиве си купувам безбол палица и на мирни протести више не одам. Конструктивци, одјебите!, напиша Хоџиќ.
Деструктивните сценарија и насилство не се нешто непознато за СДСМ. Јавноста добро ги памети немирите во мај минатата година пред Владата, кога СДСМ брутално ги нападна македонските полицајци.

Непосредно пред кумановските настани, хулигани на СДСМ сериозно повредија четириесеттина полициски службеници, кои беа нападнати со камења, дрва, бекатон плочки, шипки и други тврди предмети.
Насилните протести тогаш не ги предводеше Џељо Хоџиќ, туку Бошко Јосимоски викан Црвен. Во јуни минатата година, токму Црвен за учеството на протестите на СДСМ пред Владата доби затворска казна од 2 години и 4 месец според пресудата на скопскиот Кривичен суд.
Инаку, Бошко Црвен и претходно и бил познат на полицијата. Според информациите кои тогаш ги објавија медиумите, против него имало поднесено над 40 кривични пријави од кои 15 се за разбојништво, 9 за тешки кражби насилства и убиство во обид, а имал и 16 прекршочни пријави и подолг период одлежувал затворска казна.
За инцидентите на протестите на СДСМ во кои беа повредени околу 40 полицајци, 14 лица добија условни, а 3 ефкетивни затворски казни. Претходно, на социјалните мрежи кружеа фотографии од штабови на СДСМ, во кои членови имаа обука за насилства и рушење на јавниот ред и мир.
Очигледно е дека за опозицијата насилството е единствен одговор на неуспехот кој го доживеаја со таканаречените “бомби“ кои не го постигнаа саканиот ефект. Соочени со катастрофалниот рејтинг кој го покажуваат сите релевантни анкети, во случај кога на граѓаните не можат да им понудат ниту програма, ниту идеи, во фокусот на СДСМ повторно се наоѓаат насилни сценарија.Најголемата опозициска партија СДСМ во очај повторно подготвува насилни сценарија. Еден од најгласните сдсомовски експоненти, самопрогласениот граѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: